Починатиот Мино Раиола направил трансфери од најмалку 800 милиони евра - Канал 5

Починатиот Мино Раиола направил трансфери од најмалку 800 милиони евра

Најпознатиот светски фудбалски агент Кармине Раиола, попознат како Мино, почина вчера, два дена откако италијанските медиуми „однапред“ објавија неточна вест.

Починатиот Мино Раиола направил трансфери од најмалку 800 милиони евра

Контроверзниот 54-годишник се грижеше за кариерата на многу ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд и Пол Погба, а на сите трансфери заработил многу.

Само при трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година, тој заработил 25 милиони од 105-те милиони евра, а неизбежниот трансфер на Ерлинг Халанд доцнел поради огромната провизија на Раиола, која го направи значително поскап од 75 милиони.

Работел на работни места вредни меѓу два и сто милиони евра, а најчесто земал провизија од 10 отсто, но често и пет отсто за маркетиншки договори. Според податоците на Форбс од 2020 година, тој договарал трансфери вредни повеќе од 800 милиони евра, а од тогаш таа бројка уште повеќе пораснала.

Бројни медиуми деновиве ја пресметале неговата вкупна вредност, а според најрелевантните податоци таа изнесува околу 85 милиони евра, но сигурно би надминала 100 милиони доколку се комплетирале трансферот на Ерлинг Халанд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Хаос на улиците во Франција.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот.

Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица.

Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети.

Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо.

Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци .

Немири и насилства имаше и на улиците во Германија.

Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата.

По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје.

Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер