БалканПочинал ученик во основно училиште во Белград, откако по физички контакт ја повредил главата На 18 март во училиште во Белград се случила несреќа, по што еден од учениците го загубил животот, дознава Телеграф.рс.Како што изјави директорот на училиштето за Телеграф, немало тепачка, но поради сплет на несреќни околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и починал. - Сакаме да нагласиме дека немало тепачка или конфликт меѓу двајца ученици, туку дека поради несреќен сплет на околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и за жал подоцна починал. Училиштето веднаш реагирало, му пружило прва помош на ученикот и повикало брза помош, која брзо пристигнала и го пренела ученикот во Ургентниот центар. За време на инцидентот учениците биле под надзор на наставник и две медицински сестри вработени во училиштето. За жал, и покрај напорите на лекарот, ученикот починал на 22.03.2024 година. - изјавила таа за Телеграф. Таа додаде дека за да се надмине оваа кризна состојба, училиштето има подготвено план за поддршка на учениците, вработените и родителите согласно процедурите за справување со кризна состојба. - Училиштето е во постојан контакт со родителите на учениците и со надлежните институции - Министерството за образование и полицијата, која врши активности во нејзина надлежност - додаде таа. Истрагата ќе ја покаже вистинската причина за смртта. Како што неофицијално дознаваме, побарана е обдукција на телото. Екипата на Телеграф денеска излегла на местото на настанот, но по 15 часот директорот и другите вработени од управата не биле во училиштето. Она што неофицијално можевме да го слушнеме е дека сите се многу потресени од овој настан, објави Телеграф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ФудбалБарса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во ПаризШпанскиот шампион Барселона и европскиот првак Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни. ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата. Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати. Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда. Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз. Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот. Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНиколоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една годинаВицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира. „ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски. Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00