Почина жената, која падна преку седиштата на концертот на Роби Вилијамс

Постара жена починала вчера, по несреќа на концертот на популарниот пејач Роби Вилијамс, кој се одржа минатиот четврток во Сиднеј, на стадионот Алијанц во Мур Парк.

Обожавателка на пејачот паднала од шест реда столици/штандови и се здобила со тешки повреди на главата.

Веднаш ѝ била укажана лекарска помош и пренесена во болницата Сент Винсент. Жената била во кома и за жал починала неколку дена подоцна, пишува „Гардијан“.

Познатиот пејач се уште не проговорил за овој тажен настан.

Вучиќ се судри со неговиот двојник: Ти рече ништо да не потпишуваш (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok.

Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, а едно од најгледаните е она во кое преку видео повик разговара со својот doppelgänger, односно со човек кој се претставува на истата мрежа под прекарот „дневна доза на претседателот“.

Нивното прво видео има повеќе од 1,4 милиони прегледи, а решија да снимат уште едно, но овој пат во живо, објави српски Курир.

Видеото започнува така што двојникот на Вучиќ стои на говорница и им се обраќа на публиката и на медиумите со: „Добро попладне, дами и господа“, а потоа кадарот се менува во претседателот кој го прашува: „Извинете, а вие сте?“.

Тогаш неговиот двојник се претставува како претседател на Србија и вели дека има многу важна најава.

Во следниот момент двајцата играат шах, а Вучиќ го проверува.

Додека седи на масата и ги гледа хартиите, Вучиќ му приоѓа и му вели: „Што правиш овде? Тој рече ништо да не потпишуваш“.

@jasamaleksandar Lepo sam rekao da ništa ne potpisuješ. @dnevna.doza.predsednika #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane #dnevnadozapredsednika #follow ♬ original sound - Ja sam Aleksandar

Инаку, човекот што го имитира претседателот се вика Далибор Голубовиќ.

Костовски: Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот.

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот, ние имаме држава и привилегија е да ја чуваме и негуваме, има дваесет милиони Курди, а немаат држава, ние со два милиони имаме држава. Треба да се почитуваме меѓу себе, да имаме социјалдемократски постулати на рамноправност, еднаквост и солидарност едни спрема други. Со ДУИ имаме коректна соработка, исти стратешки цели за кои се бориме,а тоа е отпочнување на преговорите со ЕУ, откако ја остваривме стратешката цел влез во НАТО и еден граѓански концепт на држава. Ако некој прави етнички тензии во поглед на прикривање на криминали тоа се добро познатите „дечки“ од ВМРО-ДПМНЕ. Дали прикривате нешто вие и вашиот коалиционен оартнер кога нема вода во Тетово. Дали кога вашиот потенцијален партнер вее знамиња на Голема Албанија дали прикривате нешто, бидејќи тоа е зовривање етнички тензии. Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот, тоа се ретроградни процеси од пред 145 години, рече Мартин Костовски во вечерашната Само Вистина.

Маскирани лица го симнале црковното знаме и поставиле албанско пред црквата на Попова Шапка

Свештеник пријавил во полиција дека непознати лица го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка.

Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот. /МИА

притисни ентер