Почина Владимир Блажев-Панчо – бројот на загинатите од кочанската трагедија достигна 63 - Канал 5

Почина Владимир Блажев-Панчо – бројот на загинатите од кочанската трагедија достигна 63

По речиси седум месеци од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, почина Владимир Блажев, познат како Панчо од групата ДНК. 

Почина Владимир Блажев-Панчо – бројот на загинатите од кочанската трагедија достигна 63

Поради тешките повреди со кои се здоби во катастрофалниот пожар, Панчо неколку месеци се лекуваше во приватната болница Систина. Оттаму информацијата дека починал ја потврдија утринава без да соопштуваат повеќе детали изразувајќи сочувство до неговото семејство, најблиски и целата македонска јавност. Познато беше дека имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со познати докторски имиња.

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Заедно со Андреј Ѓорѓиески како дел од хип хоп дуото ДНК со години ја обликуваа македонската музичка сцена, а нивните песни останаа препознатливи и омилени кај многумина. Неговата кариера беше обележана со повеќе од две децении музичка работа, концерти и соработки со голем број изведувачи.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во јавноста и меѓу колегите музичари. Голем дел од нив се простуваат од него на социјалните мрежи.

Во трагедијата од 16 март во Кочани, животите ги загубија и други членови на бендот – придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов. Меѓу загинатите беше и фотографот на групата Александар Ефремов.

Со смртта на Владимир Блажев – Панчо, смртниот биланс од трагичниот пожар во „Пулс“ се искачи на 63 лица. Тој беше еден од осомничените за кој Обвинителството времено ја прекина постапката, поради здравствената состојба во која се наоѓаше. Од таму најавија дека ќе биде биде издадена наредба за обдукција. Случајот резултираше со обвинение против 34 физички и три правни лица. Скопскиот кривичен суд пред десетина дена соопшти дека го одобрило во целост, распоредено е кај судијката Диана Груевска-Илиевска, но се уште нема датум за старт на судењето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер