Почина сликарот Илија Пенушлиски - Канал 5

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Сликарот, Илија Пенушлиски, кој остави извонреден белег во македонската уметност, почина на 79 години.

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Веста ја соопшти неговиот син Илија Митрев-Пенушлиски во објава на социјалните мрежи.

-Татко ми почина вчера. Живееше без преправање, без оклоп, непропустлив за бучавата на времето. Живееше со длабок хуманизам, незаситна љубопитност, желба за живот и непоколеблива луцидност и присутност. Немаше никаква приврзаност кон нештата – само кон идеите, креацијата и луѓето. Беше исклучителен уметник, познат на многумина, но рамнодушен кон тоа да биде познат. Неговите идоли беа уметници, каубои, пијаници и Хозе Мухика“ - објави Митрев-Пенушлиски.

Илија е син на Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист роден во Солун, а беше сопруг на Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, која почина на 31 јули 2022. Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Неговите дела често беа инспирирани од градската динамика, архитектурата и современиот начин на живот, при што користел богата колористика и експресивен пристап.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати!

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи  на Мастерсот 1000 во Синсинати по тригодишна пауза.

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати!

Последниот пат кога популарниот Ноле беше во Охајо, тој ја освои титулата во онаа славна финална пресметка против Карлос Алкараз.

„Со нетрпение очекувам да играм на овој турнир. Последен пат играв овде во 2023 година и инфраструктурата е значително подобрена. Одлична работа“, изјави Ѓоковиќ.

Негов прв противник ќе биде Аргентинецот Тиаго Агустин Тиранте, 50-тиот играч во светот.

Пред два дена, Тиранте го елиминираше домашниот претставник Јан Чоински, по тај-брејк во одлучувачкиот сет. Ова ќе биде нивната прва меѓусебна средба, и тоа на турнирот каде што сè започна за Новак.

Токму во Синсинати тој го одигра својот прв меч на ова ниво, а оттогаш има освоено рекордни 40 титули на турнирите од серијата 1.000. Уште во 2005 година, тој загуби од Фернандо Гонзалез во првото коло, а 21 година подоцна влегува во главната жрепка како трикратен шампион.

Новак триумфираше во 2018, 2020 и во споменатата 2023 година, кога спаси меч-топка против Алкараз, а потоа славеше по три часа и 49 минути игра – што и натаму претставува најдолго финале во историјата на АТП-турнејата кога станува збор за мечеви што се играат на два добиени сета.

„Имав голема поддршка овде, од Чикаго и од Охајо. Српската заедница е навистина голема. Тоа е она што го паметам од финалињата во 2023 и 2018 година. На стадионот имаше многу српски знамиња. Беше навистина убаво“, изјави Новак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот првак ПСЖ го доведе и светскиот шампион!

Шпанскиот фудбалер Феран Торес е новото засилување на  актуелниот европски и француски шампион, Пари Сен Жермен.

Европскиот првак ПСЖ го доведе и светскиот шампион!

Торес, кој неодамна го реши финалето на Светското првенство, потпиша договор со европскиот шампион до 2031 година и ќе го носи дресот со број 9.

ПСЖ ѝ плати на Барселона фиксна сума од 50.000.000 евра, што претставува четврта најголема продажба во историјата на каталонскиот клуб.

„Многу сум среќен што започнувам нова авантура во клуб со толку големи амбиции како Пари Сен Жермен. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи, на Луис Кампос и на тренерот Луис Енрике за можноста да му се придружам на тимот, на кој се надевам дека ќе му помогнам да освои што е можно повеќе трофеи“, изјави Торес.

Торес е член на Барса од 2022 година, кога пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони. Тој помина две сезони меѓу „Граѓаните“, додека кариерата ја започна во Валенсија.

Пред Торес, во Париз пристигнаа Магнес Аклиуш и Лука Дињ, а се очекува и доаѓањето на Мика Готс од Ајакс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава

Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието.

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава

-Јас би сакал исто така да се придружам на честитките на претходните говорнички — на градоначалничката и на министерката. Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти им се потребни за да го градат својот дух. Како што велевме: „Во здраво тело, здрав дух“, па така, кога спортувате, кога другарувате и кога се натпреварувате истовремено, тогаш го градите и својот дух во правилна насока, а тука е, нормално, и сето она коешто доаѓа со спортот.

Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата. Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму.

За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа коешто беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме.

Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата коишто исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините.

Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер