Почина синот на Роберт Редфорд: Мојата тага е неизмерна - Канал 5

Почина синот на Роберт Редфорд: Мојата тага е неизмерна

Џејмс Редфорд, синот на славниот актер Роберт Редфорд, почина на 59-годишна возраст по долга борба со рак на црниот дроб.

Почина синот на Роберт Редфорд: Мојата тага е неизмерна

Оваа вест ја потврди сопругата на Џејмс, Кајл, на Твитер, каде сподели серија семејни фотографии.

"Џејми почина денес. Моето срце е скршено. Живееше убав, импресивен живот и многумина го сакаа. Ќе ми недостига длабоко. Како негова сопруга, јас сум најмногу благодарна за двете деца што ги одгледавме заедно", напиша таа меѓу другото.

Кајл подоцна за Солт Лејк Трибјун изјави дека Џејмс бил на списокот за трансплантација на црн дроб од 2019 година.

Тој страдал од здравствени проблеми уште од раното детство и веќе имал направено две трансплантации на црн дроб. Џејмс се прославил претежно со документарните филмови кои се фокусирале на здравјето и животната средина.

Неговиот татко Роберт дал изјава по смртта на неговиот син и рекол дека неговата тага е неизмерна.

Џејмс зад него ги остави сопругата Кајл и нивните две деца, Дилан и Лена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 ден

Научниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. 

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 ден

Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор.

Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација.

Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си.

Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор.

Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација.

Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации.

Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување.

Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе.

Фото: Marion Streiff from Pixabay

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

Пад од 5,9 отсто во производството и 7,8 отсто помалку работници се сериозен сигнал дека на македонското рударство му се потребни нови инвестиции, модернизација и јасна развојна политика.

И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

На македонското рударство не му треба само статистика – му треба нов развоен циклус.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 5,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Уште позагрижувачки е што бројот на работниците во секторот е намален за 7,8 отсто.

Од иницијативата „И здравје и работа“ велат дека овие податоци не треба само да се констатираат, туку треба да бидат сериозен повик за отворање на прашањето како Македонија ќе го врати рударството на патеката на растот и развојот.

„Не треба немо да гледаме како се намалува производството, како исчезнуваат работните места и како една индустрија со децении останува без нови големи инвестиции. Рударството може и мора повторно да биде силен мотор на македонската економија, но за тоа се потребни инвестиции, нови технологии, современи стандарди и предвидливи услови за развој“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Според нив, проектот за рудник за бакар Иловица–Штука е конкретен пример за инвестиција која може да го промени размерот на македонското рударство, особено ако се реализира со современи технологии, високи еколошки стандарди и силен институционален надзор.

Проектот се поврзува со инвестиција од околу 350 милиони евра, производство на бакар и отворање на стотици директни и илјадници индиректни работни места. Но, истиот можност за значително зголемување на извозниот потенцијал на земјата.

„Ова не е прашање само на еден проект. Прашањето е дали Македонија сака повторно да има растечка рударска индустрија. Ако одговорот е да, тогаш мора да создадеме услови за инвестиции во нови рудници, истражување, модернизација и технологии“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата додаваат дека новото рударство не може да биде рударството од минатото. Тоа треба да биде побезбедно, дигитализирано, технолошки напредно и одговорно кон животната средина, со јасни правила за заштита на водата, почвата, биодиверзитетот и локалните заедници.

„Не треба да бираме меѓу економскиот развој и животната средина. Треба да бараме инвестиции што ќе ги исполнат највисоките стандарди и ќе покажат дека и здравје и работа можат да одат заедно,“ велат од И здравје и работа.

Од „И здравје и работа“ апелираат падот на производството и вработеноста во рударството да не биде само уште една статистика во месечните извештаи.

„Ова треба да биде сигнал за акција. Ако сакаме рударството повторно да биде силен мотор на економскиот раст и развој, денес е време да создадеме услови за инвестиции – а не утре да се прашуваме зошто индустријата продолжила да се намалува,“ велат од Иницијативата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

Денес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола.

На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот.

6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер