Почина шведскиот поет Томас Транстромер - Канал 5

Почина шведскиот поет Томас Транстромер

Почина шведскиот поет Томас Транстромер, лауреат на Златен венец на СВП и добитник на Нобеловата награда за литература.

Почина шведскиот поет Томас Транстромер
Струшки вечери на поезијата со жалење ја примија веста дека вчера, на 26 март во својот дом во Стокхолм почина шведскиот поет Томас Транстромер, еден од најзначајните светски поети, добитник на бројни светски награди, меѓу кои и на Златен венец на СВП и Нобеловата награда за литература.

Роден е на 5 април 1931 година во Стокхолм. Уште во втората година на класичното гимназиско образование Транстромер објавува песни во училишното списание. Коментарите на неговиот професор по латински јазик се дека момчето пишува неразбирливи модернистички чкртаници. Студирал историја на литературата и психологија на универзитетот во Стокхолм. Во 50-тите работел на институтот за психометрика на истиот универзитет, а потоа се вработува како психолог во Институтот за Пазар на труд во Вестерос, во 1960 година. Тоа е период исполнет со бројни патувања кога ги посетил Исланд, Југославија, Грција, Италија, Мароко, Шпанија и Египет.

Транстромер дебитира на 23 години, за време на неговите студии по историја на религиите на Универзитетот во Стокхолм. Уште со својата дебитантска книга 17 песни во 1954, Транстромер е признат како водечки поетски глас на својата генерација во Шведска. Неговата прва збирка песни доживува успех промовирајќи го силниот талент на поетот и уметничката вредност на песните. Во голема мера тој веќе го има развиено особениот поетски јазик - неговите оригинални и остро меделирани метафори, мистицизмот на природата, музикалноста, прецизноста на формата и природната дикција - квалитети кои ќе бидат константа и во сите негови подоцнежни книги.

Неговото поетско творешво се сочинуваат следните збирки песни: 17 поеми (1954) Тајни на патот (1958) Неодвршениот рај (1962) Звуци и шини (1966) Патеки (1973). Балтик (1974) За живите и за мртвите (1989) Тажната гондола (1996) Големата загатка (2004) итн. Неговите збирки се релативно мали по обем, но според неговите познавачи, зад секоја од нив стои повеќегодишна работа. Неговото творештво е преведено на преку шеесетина светски јазици, што укажува на интересот и значењето на неговото творештво во светски рамки.

Неговата поезија постојано се приближува кон тајните на егзистенцијата. Неговиот интерес за неискажливото е истовремено поттикнат од желбата за поетска конкретност - како што недосегливите делови на мислата и на егзистенцијата само можат да бидат насетени или допрени со прецизните инструменти на сензуалност. Неговото истражување на комплексната природа на човековиот идентите и неговите создадени мостови помеѓу природата, космосот и смртта никогаш нема да резултира со структурирани модели или исповедни тонови. Неговата поезија е смирена потврда на неколку збора, но истовремено и отпор кон моќта и медуимските клишеа. Со доверлива мирнотија белешките за живото на Транстромер ја вклучуваат смртта, и обратно. Понекогаш неговите песни поседуваат некакво вид недогматска религиозност, како што ќе забележи критиката.

Во 1990 година ќе преживее мозочен удар што ќе ја парализира неговата десна страна. Тој речи си го губи говорот. Оттогаш пишувањето ќе му биде отежнато и ќе објави само неколку книги поезија и мемоари. Затоа повеќе ќе се насочи кон кратките форми, како што е хаикуто, која ќе го засили неговиот фокус и концентрација во поетската експресија.

Интересот за музиката кој се провлекува низ целиот негов живот ќе остави траги во неговото поетско творештво, па дури и ќе се продлабочи по преживеаниот удар. Неколкумина композитори ќе бидат инспирирани од неговото творештво и ќе се обидат да го преточат во музички дела, посветувајќи му и бројни новокомпонирани дела за пијано кои се свират со лева рака.

Добитник е на бројни национални и интернационални награди: Наградата Белман (Шведска) 1966, Петрарка (Германија), Литературната награда на Нордискиот културен совет 1990, Нојштадовата интернационална награда за литература (САД), 1990, Нордиската награда на Шведската академија, 1991, наградата Август (Шведска), Златен венец на Струшките вечери на поезијата, 2003 и Нобеловата награда за литература во 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Во Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен.

Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога.

Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија.

Во Белгија откриени 750 килограми кокаин

Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија.

Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни.

Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски.

Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани.

„Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди.

Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение.

Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура.

„Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“.

Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот.

Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни.

Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција.

„Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата.

Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија.

Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција.

„Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој.

Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер