Почина Шинејд О’Конор - Канал 5

Почина Шинејд О’Конор

Почина ирската пејачка Шинејд О’Конор, објави Дејли Мејл. Таа имаше 56 години.

Почина Шинејд О’Конор

Таа стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна песна на Принс Nothing Compares 2 U. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се This is the Day, Thank You For Hearing Me, This is a Rebel Song и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.

YouTube video

Шинејд е родена во Даблин во 1966 година во проблематично семејство. Таа била едно од петте деца на Џек и Мари О'Конор, кои се разведоа кога пејачката имала само осум години. Музичарката подоцна тврдела дека нејзината мајка ја малтретирала додека била сè уште мала.

Во 2018 година, таа премина во ислам и изјави дека оваа религија е „светлината на нејзиниот живот“.

"Сакам гордо да објавам дека станав муслиманка. Тоа беше природен заклучок на моето интелигентно теолошко патување. Сите свети книги водат кон исламот. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада", рекла музичарката, која уште во 1992 година јавно се изјасни против Ватикан кога ја искина сликата на папата Јован Павле Втори во Saturday Night Live.

Таа беше и политички активист, но нејзините ставови за религијата, правата на жените, војната и злоупотребата на деца често предизвикуваа контроверзии во Ирска и во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. 

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба.

Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места.

Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.

Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Македонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување.

За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите.

"Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот.

Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното.

"На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година.

Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски.

Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира

Турција веројатно ќе одржи избори порано од првично закажаното во мај 2028 година, потег што ќе му овозможи на претседателот Таип Ердоган да ги заобиколи уставните ограничувања и повторно да се кандидира. 

Турција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира

Ова го изјави неговиот советник Мехмет Уџум, објави Ројтерс.

„Речиси е сигурно дека изборите во 2028 година ќе се одржат во март или април“, изјави Уџум за новинарите во Анкара. Иако не зборуваше директно за плановите на претседателот, неговата изјава е најјасна јавна поддршка досега од висок функционер за идејата на сојузниците на Ердоган да го поместат датумот на изборите за да обезбедат нов мандат.

Реџеп Таип Ердоган е на власт во Турција речиси 23 години, прво како премиер, а потоа како претседател. Референдумот од 2017 година го воведе извршниот претседателски систем, што му овозможи да биде реизбран во 2018 и 2023 година. Иако Уставот го ограничува претседателскиот мандат на два мандата, тој дозволува повторна кандидатура ако парламентот распише предвремени избори за време на вториот мандат на сегашниот претседател.

Ставовите на опозицијата и владејачката партија

Турската опозиција е исто така за предвремени избори, но велат дека нивната цел е да ги оспорат економските политики на Ердоган, а не да му дозволат повторно да се кандидира. „За нас е неприфатливо целото прашање да се сведе на тоа како повторно да се избере Таип Ердоган за претседател“, изјави минатата недела лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел.

Од друга страна, сојузникот на Ердоган, Девлет Бахчели, лидер на националистичката МХП, минатата недела го повика парламентот да распише избори во погодно време за да „може претседателот Ердоган повторно да се кандидира“.

Потребно парламентарно мнозинство

За распишување предвремени избори е потребно мнозинство од три петтини во парламентот, или 360 од 600 членови на парламентот. Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините сојузници моментално имаат 331 место. Тоа значи дека на владејачката коалиција ѝ недостасуваат 29 гласови за таа одлука, што може да претставува предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер