Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност
2Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
БалканПочина Ратко МладиќГенералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ. Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ. Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини. Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април. Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите. Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаСДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија.Фројд вели: Ако личност која самата мами, лаже или манипулира постојано, ги обвинува другите за измама, лажење или манипулација, фројдовски би можело да се каже дека таа личност ја ослободува од себе сопствената неприфатлива содржина и ја препознава во другиот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија. Рече дека кај опозицијата „работи Фројд“ и дека ние мислиме дека сите се однесуваат како што се однесувале претходните власти - лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги граѓаните. Што би рекол Фројд за Мицкоски? Фројд би рекол дека станува збор за класична проекција. Кога некој постојано зборува за тајни зделки, а истовремено тврди дека „ништо не правиме тајно“, кога најавува преговори со „голема мултинационална компанија“ без да каже која е, кога ја поврзува изградбата на гасни централи директно со дата-центри, а претходно со месеци ја криеше суштината на проектите - тоа е проекција на сопствениот начин на работа. Фројд би го објаснил ова и како механизам на самоодбрана наречен одрекување. Мицкоски тврди дека сè ќе биде јавно и транспарентно, а во исто време признава дека преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и дека една од нив е голема мултинационална компанија - но името, условите, количините на струја и вода што ќе ги трошат, локациите и гаранциите за граѓаните остануваат зад завесата. Ова не е стратегија за развој. Ова е обид да се прикрие дека и овојпат се работи за истиот модел: ресурсите на државата (струја, вода, земја) да се стават во функција на странски интереси, додека домашните граѓани остануваат без одговори - исто како што останаа без одговори за Гостивар, за загадените реки, за анализите што никој не ги потпишал. Мицкоски зборува за вештачка интелигенција, Nvidia, Amazon и SpaceX, а заборава да каже дека Македонија нема ниту основна енергетска стабилност, ниту јасни гаранции дека дата-центрите нема да ја исцрпат водата и струјата што им се потребни на граѓаните. Фројд би рекол уште нешто: кога човек постојано ги обвинува другите дека лажат и крадат, а самиот одбива да даде конкретни имиња, договори и анализи - тоа не е само проекција. Тоа е признание. СДСМ бара целосна транспарентност: • Која е мултинационалната компанија? • Кои се условите? • Колку мегавати и колку вода се предвидени? • Кои локации и под кои еколошки стандарди? • Кој ќе гарантира дека граѓаните нема повторно да платат за туѓи профити? Додека овие прашања остануваат без одговор, приказните за „јавност и транспарентност“ се само уште една проекција. Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаГодишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасностНема подобри резултати во работата на Јавното обвинителство во 2025 година, иако бројот на обвинители бил зголемен за речиси 10 проценти. Ова го констатира самото Јавно обвинителство во годишниот извештај за работата кој пред собраниската комисија за политички систем го презентираше обвинителот Златко Биковски наместо државниот обвинител Ненад Савески кој поради работни ангажмани бил спречен да присуствува на седницата. -Дали сме ја подобриле перцепцијата за довербата, мислам дека е подобрена но не е на нивото кое што треба да биде и далеку од тоа што било. Тоа е рак рана за сите нас, најмногу нас не боли и се вложуваат максимални напори да се надминат тие состојби. Дали може тоа да се направи за кратко време, нема да може. Тоа е изнесено во извештајот дека се должи на повеќегодишно занемарување во извршувањето на функцијата на јавните обвинители.Не дека тие не работеле, туку недоволно работеле,- изјави – Златко Биковски – Обвинител во ЈОРМ. Искреноста во извештајот за слабостите во функционирањето на обвинителствата беше пофалена од дел од пратениците но и повод за кавги околу процесуирање на некои од предметите. -Како тоа сега кога се смени власта во 2024 година за две и пол години не можете да процесуирате ниту еден случај. Два случаи на организиран криминал имате каде што во прашање се високи функционери. Двата се против функционер од ВМРО ПДМНЕ и СПМ. Вие немате се уште против функционери од СДСМ,- изјави – Малиша Станковиќ – Пратеник. -Каков е овој начин на разговор овде во собранието. Треба да има боја тој што е виновен? Или вие правите така – абе дајте ни луѓе, ги чекаме две години да ги затворите! Треба да зборувате за ефикасност за тоа што треба да направат а не од која политичка партија треба да затворат за вие да бидете задоволни,- изјави – Соња Мираковска – Пратеник од НСДП. Недостигот на јавни обвинители и потребата од пополнување на испразнетите места како главните проблеми во обвинителството беше посочен и во извештајот за работата на Советот на јавните обвинители кој го презентираше претседателот на ова тело Башким Бесими. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗавршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно Завршен е стручниот надзор со родилката од Струмица која по пораѓајот останала во инвалидска количка, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Резулатите од стручниот надзор се уште не се за јавност, потенцира Клековски кој сака да ја посети прво 19 годишната Станка Михајлова во болница. Роднините на Станка за Канал 5 објснија дека таа е на лекување во болницата за рехабилитација Козле, засега лекувањето го плаќаат и се уште не го добиле извештајот од стручниот надозр на комисијата формирана од министерството за здравство, каде освен домашни лекари специјалисти по неврологија,анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија имаше и експрети од надвор. Семејството на 19 годишната родилка од струмичко Баница реагираа дека жената по царски рез во штипската болница не можела да оди. Според информации до кои дојде Канал 5 е дека имало пропусти во целата процедра, во делот на препраќање на пациентката во штипската болница бидејќи во струмичката болница не бил повикан анестезилогот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56