Почина првиот пациент со цистична фиброза, пациентите го чекаат ветениот лек - Канал 5

Почина првиот пациент со цистична фиброза, пациентите го чекаат ветениот лек

Додека властите сè уште не ги ни започнале измените на законите за со дирекни преговори и по поевтина цена да го набавуваат лекот „Трикафта“ за цистична фиброза, пациентите ја губат битката со болеста.

Почина првиот пациент со цистична фиброза, пациентите го чекаат ветениот лек

Четириесет и петгодишниот Благојче Илиевски од Битола, кој беше еден од пациентите кои неодамна беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски, па и таму дишеше со помош на боца со кислород, не го дочека лекот и и подлегна на болеста, потврдуваат од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Загубивме соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со „Трикафта“, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми стотина пациенти во државата, главно деца и млади. Заради ова, нашиот револт, огорченост и потресеност се исклучително големи, особено затоа што лекот го бараме од 2020 год. и постојано апелиравме за итноста од воведување на терапијата.

Во меѓувреме, властите не прецизираат кога ќе има лек во Македонија за овие пациенти, одобено кога би го добиле оние што се на кислородна поддршка. Министерот за здравство Беким Сали тврди дека парите нема да бидат проблем оти ќе се обезбедат со внатрешно ребалансирање на Фондот за здравствено осигурување. Сепак, откако државата одлучи да менува три закони со што ќе се овозможи дирекно да се преговара со производителот на лекот „Трикафта“ предлогот за ова да се случи се уште не е ни доставен до Собранието. Сали тврди дека неговата институција е подготвена, ама вели, не било само до него.

Сали останува на ставот дека не треба да се оди преку јавна постапка, бидејќи, освен што ќе се скрател процесот на набавка, со дирекните преговарања може да се спушти и цената на лекот, кој според првичните проценки на властите чини околу 300.000 евра за еден пациент годишно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. 

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците.

Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови.

Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер