ФудбалПочина поранешниот норвешки селектор Оге ХајредеПоранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка, Оге Хајреде, кој изминатите години се бореше со рак на мозокот, почина на 72-годишна возраст, соопшти неговото семејство.Хајреде настапуваше за Молде, Манчестер Сити и Норич пред да почне тренерска кариера во која освојуваше трофеи со некои од најголемите скандинавски клубови, вклучувајќи ги. Малме, Брондби и Розенборг Од 2003 до 2008 година беше селектор на Норвешка, како и на Исланд од 2023 до 2024 година, а ја предводеше Данска до осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37