ЖивотПочина писателот и хроничар Данило Коцевски По кратко боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски. Погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството.Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982). На Интердисциплинарните студии по новинарсто на скопскиот универзитет ги држел вежбите по теорија и практика на новинарството. Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на осумдесетите години. Член на Друштвото на писателите на Македонија станал во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели основач е на здружението на Независните писатели на Македонија, во текот на 1993-1994 година. Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец", а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973). Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи", а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија" во 1962 година. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се наградени („Еразмо Ротердамски" на конкурсот на МНТ, 1999, а за улогата на Ештро во неговата драма „Од првиот здив' (1995) артистот Диме Илиев ја доби наградата Ристо Шишков. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот. Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје. Библиографија – Книги од книжевната критика и теорија: „Да и Не", Култура, 1981, „За новите тенденции", Наша книга, 1984, „Сепак се движи", Македонска книга, 1985, „Критиката како заблуда", Македонска книга,1986, „Поетиката на постмодернизмот", Култура, 1989, „Антиномиите на критиката", Мисла, 1992, „Модерно и постмодерно", Македонска книга, 1993, „Нови есеи", „Наша книга", 2001, „Побуна на интелектуалците",Дело,2007,„Патишта на критиката", Макавеј, 2009, „За книжевноста до последен здив",Галикул,2015, „Пикасо го изеде јаболкото и тоа му рече благодарам",Макавеј, 2018 и др. -Романи: „Одисеј", Култура, 1991, „Ќе одиме ли кај Џо", Детска радост, 1992,„Јустинијана, градот кој го нема", Култура, 1999, „Роман за Ное", Слово, 2003, „Пиколомини пред портите на Скопје„, „Три, 2005. Поезија: „Каде се раѓа песната", Детска радост, 1992, „Поетовата смрт", Култура, 1995 -Драми: „Мистер Бекет" („Од првиот здив"), изведена во Драмскиот театар 1995 година, награда „Ристо Шишков" за артистот Диме Илиев истата година, „Еразмо Ротердамски", награда на конкурсот на МНТ за драмски текст, „Кабаре Скопје", кабаретска претстава за некогашно и современо Скопје, изведена во МКЦ 2002 година, во продукција на Дирекцијата за култура и уметност… -Кратки прози: „Патување за Аркашон", Мисла, 1989, „Магијата на Скопје", Дирекција за култура и уметност, 1996, "Го сакам Скопје", Скопско лето-Дирекција за култура и уметност, 2000,,„Белешките на осамениот шетач",Аз-Буки, 2002 „Чај од јужните мориња", Магор, 2006,„Скопски легенди", Дирекција за култура и уметност",2017.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook