Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
2Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ
3Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет
БалканПочина патријархот на СПЦ Иринеј, српската влада прогласи 3-дневна жалост Србија се збогува од патријархот Иринеј, кој утрината почина по неколку неделна битка со корона вирусот.. СПЦ објави дека патријархот Иринеј починал утринава во 07.07 часот во воената ковид болница Карабурма во Белград. Деведесетгодишниот Иринеј таму беше примен на 5 ноември по позитивен тест за корона вирус, но доцна синоќа нагло му се влошила состојбата. За смртта на патријархот на Инстаграм се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ. „Чест ми беше што Ве познавав. Таквите како Вас никогаш не заминуваат...“, напиша Вучиќ. Телеграма со соучество во има на владата испрати премиерката Ана Брнабиќ. Ќе останеш во нашите мисли и срца како патријарх со длабока вера и голем исповедник на православието, голем борец за државните и националните интереси и чувар на христијанската вера и традиција....напиша Брнабиќ Знамињата се спуштени на половина копје, и на зградата на српската патријаршија и на Соборната црква. Верниците ширум земјата се опростуваат од патријархот. - Жал ни е, цело утро за тоа слушаме, се надевавме дека ќе остане жив. - Навистина бевме многу изненадени, ни беше многу жал, едноставно не можеме да поверуваме дека такво нешто се случи. - За кратко време двајца големи луѓе да изгубиме тоа мислам дека уште нигде не се случило. Освен црковниот свет и државниот врв, сочувство изрази и целокупната јавност. Низ речиси сите храмови се одржува помен. Веста за упокојувањето на неговата светост, српскиот Патријарх Господинот Иринеј, после кратка и тешка болест, сите нас длабоко не потресе. Верувам посебно народот на Нишката епархија и градот Ниш, кои најдобро го познаваа Патријархот и го сакаа, бидејќи неговата светост цели 35 години помина на чело на Нишката епископија. Во личноста на Патријархот Иринеј, СПЦ и православието во целост имаа редок духовник посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Блаженоупокоениот Патријарх, по примерот на апостолот Павле, би можел да рече дека времето на заминување настапило, но дека добро се борел, патот го завршил, верата ја запазил и дека го очекува венецот на правдата. До изборот на нов Патријарх, на чело на СПЦ ќе биде најстариот митрополит. Во моментов тој е митрополитот Дабро-Босански, Хризостом. Иринеј беше устоличен во 2010. Често го споделуваше своето мислење за важни теми а упатуваше и пораки за меѓусебно помирување. “Низ нас тече скоро иста крв. Зборуваме на ист јазик но за жал не се разбравме, туку во име на нешто и некој кренавме раце едни на други. Тоа не му е мило на Бога”. Патријархот Иринеј ќе биде погребен во центарот на Белград, во криптата на храмот Свети Сава во недела, со што би станал првиот поглавар на СПЦ погребен таму. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредениИ третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите. Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници. Albanian police are now beating high school students in the streets of Tirana, as anti-government protests by young people spread to other cities, from Elbasan to Vlora. An Assembly session scheduled for today was cancelled. [Video: Osman Stafa] https://t.co/CnKoL0VFo7 — Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) October 15, 2026 Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана. Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама. Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања. Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУЗголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата. Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата. Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции. Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат. Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПредлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство на прв на тест пред Европскиот совет. Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат.. Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 годиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter