3МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
2Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
МакедонијаПочина Панчо од ДНК, уште една жртва од трагичниот пожар во „Пулс“По речиси седум месеци од трагичната несреќа во кочанската дискотека „Пулс“ почина Владимир Блажев- Панчо, член на познатото музичко дуо ДНК.Тој во пожарот се здоби со тешки повреди и изгореници. Несреќата се случи на 16 март оваа година, по што Панчо беше итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговата сестра тогаш за медиумите потврди дека има повреди на лицето и рацете, но дека е надвор од животна опасност. Подоцна, музичарот беше префрлен во приватна клиника во главниот град, каде што во изминатите месеци беше подложен на повеќе операции и интензивен третман. И покрај напорите на лекарите, Панчо им подлегна на повредите. Од него на социјалните мрежи се простуваат неговите колеги. Панчо беше роден на 29 јули 1979 година во Скопје, и зад себе остави два сина — Андреја и Марјан. Музичката сцена во Македонија остана без еден од најпознатите артисти, кој беше познат и по својата хуманост. Информацијата за смртта на Панчо ја потврдија и од Јавното обвинителство. Велат дека ќе се издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба. -Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите, велат за Канал 5 од КБ "Аџибадем Систина" . Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Првично меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК. Загина вокалот Андреја Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“. Тагови: днк кочани Панчо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
ЗдравјеМинистерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица ШаврескаМинистерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди.Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот. Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот. По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката. Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи. Министерството за здравство останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар За три и пол денари поскапуваат бензините, а дизелот поевтинува за два денари за литар. Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 100,5 денари, БС-98 за 102,5, а дизелот за 99 денари за литар. Ова се цените по новата владина интервенција со која ДДВ-то за дизелот привремено се намалува од 18 на 10 проценти. Мерката ќе важи до 28 септември, а според Владата, без неа дизелот наместо да поевтини за два, ќе поскапеше за околу пет денари – од 101 на приближно 106 денари за литар. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со намалите акцизи и данокот граѓаните и компаниите ќе заштедуваат повеќе од 250 илјади евра дневно во следните две недели, а Македонија вели, останува со најниски цени на горивата во споредба со соседните земји. За бензините засега нема намалување на ДДВ-то. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбата ќе се следи во следните две недели и по потреба ќе се интервенира. Во моментов, како што посочи, не се разгледуваат други дополнителни мерки. Новите ценовни шокови, сепак, може да се одразат и врз државната каса. До крајот на неделата Кочоска најави и состанок со двете инситуциите задолжени за буџетските приходи - Царинската управа и Управата за јавни приходи, по што ќе се проценува дали ќе биде потребен нов ребаланс на Буџетот или ќе се прави само пренамена на дел од средствата. Ваквиот развој на енергетската криза, според министерката, не бил предвиден при подготовката на актуелниот ребаланс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денариОваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави: „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter