Почина новинарката Гордана Дувњак - Канал 5

Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството.

Почина новинарката Гордана Дувњак

Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении.

Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, по што следуваше нејзиниот долгогодишен ангажман во Утрински весник, каде од 1999 до 2017 година работеше како новинарка и уредничка.

Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.

Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син Мартин Дувњак со емотивна порака, во која ја опишува како „жена борец, мајка каква што секое дете може само да посака и врвен професионалец“.

-Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено. Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и став- нејзиниот син Мартин.

Семејството посочува дека Дувњак била столб и поддршка, посветена мајка која дала сè за своите најблиски и нивниот правилен животен пат.

Погребот ќе биде утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.

Со нејзиното заминување, македонското новинарство губи искусен и посветен професионалец, чиј придонес ќе остане трајно запаметен.

Гордана Дувњак имаше 61 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Карпош.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

„Добар ден и од мене.

Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места. Од друга страна, кога ќе биде изградена оваа спортска сала, да можат оние коишто таа спортска сала ќе ја користат — а тоа се учениците од ова основно училиште — да можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и на тој начин да растат во, би рекол, подобри личности, бидејќи во спортот секогаш духот е најбитен, натпреварувачкиот дух од една страна, од друга страна како личности.

Јас би сакал да ја изразам својата голема благодарност до градоначалникот на Општина Карпош, до советниците од Советот на Општина Карпош коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да се заблагодарам и на администрацијата, бидејќи без администрацијата овие проекти не можат да бидат подготвени за да бидат потоа и финансирани. Да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Карпош, на Градот Скопје, на советниците од Градот Скопје, на колегите од Владата, се разбира, Министерството за образование и наука, министерката и сите останати коишто се вклучени во реализација на овој проект. Сепак, повеќе од 1.200 градилишта на целата територија на државава е бројка којашто е за почит и бројка којашто бара една озбилна организација од сите институции. Ценам дека наскоро од денеска и двата проекти ќе бидат готови, и улицата и оваа спортска сала, и ќе можеме да бидеме сите ние заедно присутни тука да ги отвориме овие два проекти — најпрвин улицата, потоа и спортската сала. Така што, уште еднаш, еве, нека е аирлија и нека ни се множат вакви проекти.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважно

Новиот „Renault Scenic E-Tech“ нуди 642 км автономија и побрзо полнење.

Сите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважно

„Renault“ претстави подобрувања за „Scenic E-Tech“, три години по премиерата на овој електричен кросовер.

Моделот сега добива нова „LFP“ батерија, побрзо полнење, понапредни безбедносни системи и интеграција на технологијата „Google Gemini AI“.

Надворешните промени се скромни. „Scenic“ добива нови црни детали на браниците, 19 и 20-инчни тркала и две нови бои – „Satin Blue Slate“ и „Exo Galaxy Grey“.

Поголеми промени во дизајнот, вклучувајќи можна нова решетка инспирирана од моделот „Megane“, се очекуваат подоцна.

Во кабината, најголемата новина е интеграцијата на „Google Gemini AI“ во мултимедијалниот систем „openR link“, како замена за „Google Assistant“.

„Renault“, исто така, обезбедува 2 GB мобилни податоци месечно во текот на три години со автомобилот.

Безбедносната опрема е исто така подобрена.

Нова камера го следи заморот на возачот и овозможува негово препознавање, додека системите за помош при возењето носат попрецизно следење на околниот сообраќај, подобро одржување на лентата, автоматско сопирање во случај возачот да не реагира и понапредна предикативна функција за еко-возење.

Подолг дострел и побрзо полнење

Најважните промени се скриени под каросеријата. „Scenic E-Tech Comfort Range“ сега користи „LFP“ батерија од 67 kWh, што овозможува до 467 km според „WLTP“ стандардот.

Тоа е 37 km повеќе од претходно.

Поддржано е брзо полнење со моќност до 165 kW, така што батеријата може да се наполни од 15 до 80 проценти за само 24 минути.

Поголемата „NMC“ батерија од 89 kWh, достапна во верзијата со долг дострел, сега овозможува до 642 km дострел, или 17 km повеќе од претходно.

Полнењето од 15 до 80 проценти трае 28 минути со полнач со моќност до 150 kW.

И двете верзии користат преден електричен мотор со моќност од околу 220 КС.

„Renault Scenic E-Tech“ продолжува да се произведува во фабриката „ElectriCity“ во Франција, додека електричните мотори се испорачуваат и од француска фабрика лоцирана во Нормандија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кадиров: Руската армија е способна да ја освои Полска

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри телевизиски изјави, во кои тврди дека руската армија е способна да ја освои Полска и да го продолжи напредувањето кон Германија и Франција, пренесува телеграм-каналот Niyso.

Кадиров: Руската армија е способна да ја освои Полска

Опозицискиот медиум на неговите зборови одговори со иронија, објавувајќи податоци според кои реалноста на фронтот во Украина е сосема поинаква. Наводно, блиски лица на руските војници масовно се молат за дожд, со надеж дека ќе се намали активноста на дроновите и дека ќе можат да ги извлечат ранетите. Додека Кадиров ваквите закани ги повторува веќе петта година, заменик-претседателот на советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати директни закани за напади врз германски одбранбени фабрики поради нивната поддршка за Украина. Медведев ги отфрли обвинувањата на Берлин за руски напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа. Во меѓувреме, експерти предупредуваат дека тензиите во Европа се зголемуваат и дека русија би можела да го нападне стратешки важниот, но слабо заштитен норвешки архипелаг Свалбард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер