Почина Мино Раиола, потврди неговото семејство - Канал 5

Почина Мино Раиола, потврди неговото семејство

Фудбалскиот менаџер Мино Раиола почина на 55-годишна возраст, објави неговото семејство на социјалните мрежи.

Почина Мино Раиола, потврди неговото семејство

„Во нашата бескрајна тага, ја споделуваме веста за смртта на најгрижливиот и најпрекрасен фудбалски агент што некогаш постоел“, стои во воведот на објавата на официјалниот профил на Раиола. Потоа продолжува:

„Мино се бореше до крај со истата сила што ја стави на преговарачките маси кога ги претставуваше нашите играчи. Како и обично, Мино нѐ направи горди и никогаш не го сфати тоа. Делото на Мино допре многу животи и напиша ново поглавје во модерната историја“. Ќе ни недостасува засекогаш. Мисијата на Мино да го направи фудбалот подобро место за играчите ќе продолжи со истата страст. Им благодариме на сите за огромната поддршка што ја добивме во овие тешки моменти и се молиме за приватноста на семејството и пријателите во ова време на тага .“

Да потсетиме, во четвртокот водечките италијански медиуми објавија дека Раиола починал. Сепак, тој набрзо се огласи на своите друштвени мрежи со објава: „Мојата моментална ситуација за оние кои се прашуваат: Налутен сум затоа што ме убиваат по втор пат за четири месеци. Исто така, изгледа можам да преживеам."

Исто така, неговата агенција за АФП ги демантираше наводите според кои тој починал. На прашањето дали Раиола починал, одговорот бил дека „Мино е жив“ и дека веста за неговата смрт е „лажна вест“. Агенцијата не сакала да даде повеќе информации за неговата здравствена состојба ниту да открие од што боледува. Познато е дека тој бил хоспитализиран во јануари за операција на белите дробови.

Форбс во 2020 година напиша дека Раиола заработил 85 милиони долари од провизии од продажба и плати на штитениците. Кармине Раиола ги претставувал Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Пол Погба, Матијас де Лигт, Џиџи Донарума, Марко Верати, Стефан де Ври, Рајан Гравенберч, Хирвинг Лозана, Моис Кин, Доњело Мален, Алесио Ромањализало, Ноу.

Роден е во Ночера Инфериоре во јужна Италија, но неговото семејство се преселило во Холандија кога тој бил дете. Тие отвориле пицерија во Хаг, која набрзо станала популарна меѓу фудбалерите. Благодарение на ова, Раиола од пицајола станал менаџер на фудбалери со одлични контакти, пред сѐ во Холандија.

Неговото италијанско потекло и Холандија како земја во која живеел се одговорни за работата што ја работел. Тоа беше продажбата на ѕвездите на Ајакс, Денис Бергкамп и Вим Џонк во зимата 1993 година во Интер. Раиола успеа затоа што беше единствениот во холандската агенција, каде што работеше како 26-годишен почетник во тоа време, што зборува италијански. После тоа тој стана независен, а првата голема работа што ја направил беше да го продаде Павел Недвед од Спарта Прага на Лацио во 1996 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на Џајиќ

Фудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. 

Фудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на Џајиќ

На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција.

Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник.

Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата.

Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието.

Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА.

Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука.

Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија.

За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес.

Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година.

Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration).

Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања.

Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим.

Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг.

Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути.

Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија.

Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД.

Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава.

Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

 Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година

. Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите.

Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома.

Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер