Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЖивотПочина Марта КонМарта Хофнунг Кон, библиотекарка, медицинска сестра, шпионка и преживеана од Холокаустот, почина неколку недели откако го прослави својот 105-ти роденден.Марта Хофнунг Кон, една од највпечатливите личности на 20. век, почина во ноќта на 21 мај во Соединетите Американски Држави, само неколку недели по прославата на својот 105-ти роденден. Таа потекнуваше од еврејско семејство, а е родена како Марта Хофнунг на 13 април 1920 година, во семејство со седум деца. Во 1940 година, побегнала од градот Мец и се населила во Поатје за време на нацистичката инвазија на Франција, а потоа останала во департманот Вијен заедно со својот свршеник Жак Делоне, борец од движењето на отпорот, кој бил егзекутиран во 1943 година. Една година подоцна, Марта ја презела улогата на разузнавач за Франција во Германија, непосредно пред капитулацијата на Третиот рајх. Својот животен пат го опиша во автобиографијата „Зад непријателските линии“. Марта оваа година го прослави својот 105-ти роденден. Родум од Мец, последниве години живееше во Соединетите Американски Држави, поточно во Лос Анџелес, пренесува Б92.Тагови: Марта Кон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветЗемјите од групата „Квад“започнува голема воена вежбаЗемјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“. „Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио. Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу биз„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиониШок-признание на мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотелиАктерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот. Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“. Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели. За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом. „Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот. Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот. Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“. Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти. Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари. Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.Тагови: Николас Кејџ Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства. „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески. Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите. На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter