3ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
ФудбалПочина легендата на светскиот фудбал Италијанецот, Франко Барези Легендарниот италијански фудбалер Франко Барези почина на 67-годишна возраст; ова го соопшти Милан, само 24 часа откако првично ја демантираше веста.Клубот од „Сан Сиро“ се прости од човекот кој беше срцето и душата на „росонерите“ и кој целата своја професионална кариера ѝ ја посвети на црвено-црниот дрес. Како долгогодишен капитен, Барези стана симбол на Милан и предводник на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со клубот и со италијанската репрезентација, тој го одбележа златното доба на италијанскиот фудбал и остана пример за генерации одбранбени играчи ширум светот. Познатиот капитен на Милан беше подложен на операција во август 2025 година, откако при рутински преглед му бил откриен јазол на белите дробови, кој бил отстранет со минимално инвазивна метода. Операцијата била успешна, по што му била препорачана имунотерапија. Во декември истата година, Барези се појави на стадионот „Сан Сиро“ за да го следи натпреварот на Милан, каде што публиката го поздрави со силни овации. Неговото последно јавно појавување беше на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри „Милано-Кортина“, кога го носеше олимпискиот факел заедно со својот пријател Џузепе Бергоми. Во својата проштална порака, Милан наведе дека тоа се случило само неколку месеци пред неговата смрт. Инаку, Франко Барези е роден на 8 мај 1960 година во Траваљјато, во провинцијата Бреша, а целата своја професионална кариера ја помина во Милан. Тој настапуваше за младинските категории на клубот од 1974 до 1978 година, додека член на првиот тим беше од 1978 до 1997 година. Во црвено-црниот дрес одигра 717 официјални натпревари и се наоѓа на второто место на вечната листа на клубот, зад Паоло Малдини. Тој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во Шпанија во 1982 година, иако не настапи за време на турнирот. Учествуваше на светските првенства во 1990 и 1994 година, како и на европските првенства во 1988 и 1992 година. Еден од најнезаборавните моменти во неговата репрезентативна кариера се случи на Светското првенство во САД во 1994 година. Барези го повреди менискусот за време на групната фаза, беше подложен на операција, а потоа во рекордно време се врати на теренот за финалето против Бразил. Иако не беше целосно подготвен, одигра маестрален натпревар во одбраната, но сепак беше еден од италијанските фудбалери кои не реализираа пенал во одлучувачката серија, по што Бразил стана светски шампион. Франко Барези остана запаметен како еден од најголемите одбранбени играчи во историјата, симбол на лојалност кон еден клуб и вечен капитен на Милан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветИнцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата. Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави. Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми. What if the plane you were about to board had a mind of its own?#AirForceOne #Trump #Military #Boeing #Malfunction #BreakingNewsUSA pic.twitter.com/efqdbeZo2n — JQJO USA Politics English (@teamjqjo) September 10, 2026 „Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп. Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“. Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното. Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избориПокрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра. Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра. Сè ова заради лично богатење и останување на власт. Мицкоски дал налог за нови задолжувања. Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери. Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите. Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори. Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ. Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами. Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови. Статистиката повеќе не му поминува. Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници. Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро. Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“. Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“. Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа. Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт. По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ. Мицкоски е прочитан. Народот не е наивен. Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро. Доаѓа пролет. А тогаш сè се менува. Граѓаните тоа веќе го знаат. Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација. Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook