3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
Шоу бизПочина легендарниот тапанар Рони Тут, најблискиот помошник на Елвис ПрислиЛегендарниот тапанар на Елвис Присли, Рони Тут, почина на 83 -годишна возраст.Неговата ќерка Тери ја објави тажната вест на Фејсбук. - Со голема тага ве известувам дека јас и моето семејство го загубивме нашиот сакан татко. Легендарниот тапанар Рони Тут „ја напушти зградата“. Почина во својот дом, опкружен со семејството - напишала Тери. Роден во Тексас, Рони пораснал со музиката и ја започнал својата кариера многу рано, а најпознат е како тапанарот на придружниот бенд на Еливис - бендот ТЦБ, од 1969 до 1977 година, односно до смртта на Елвис. Тој, исто така, одел на турнеи со Нил Дајмонд, свирел со Џони Кеш, Кени Роџерс, Стиви Никс, Елвис Костело. Директорите на Грејсленд, поранешната куќа на Елвис, исто така, ја објавија смртта на Рони Тут. - Сите ние во „Elvis Presley Enterprises“ бевме длабоко погодени кога дознавме за смртта на Рони Тут. Покрај тоа што беше легендарен тапанар, тој беше и добар пријател за многумина од нас овде во Грејсленд. Уживавме секој пат кога ни се придружуваше тука за да ја прославиме Неделата на Елвис, роденденот на Елвис и многу други специјални прилики - беше напишано во соопштението за печатот. Very sad news that #RonnieTutt has passed away, the backbone of Elvis's band from 1969-77. One more time from Elvis: "And on the drums, is hardworkin' Ronnie Tutt." RIP Ronnie, now reunited with the King. pic.twitter.com/IV91ECbWWD — John Carpenter (@ChadGates61) October 17, 2021 Бројни обожаватели на ликот и делото на тапанарот се збогуваа на социјалните мрежи. Многумина не можеле да поверуваат, а повеќето коментари се однесувале на тоа дека тој бил многу вреден човек и движечка сила на целиот бенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија.Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија, каде во некои области се очекуваат и до 200 милиметри дожд за неколку часа, соопштија метеоролозите. Поради портокаловото временско предупредување, денеска во Џенова беа затворени сите образовни институции, додека во централна и западна Тоскана е издадено жолто предупредување поради можни силни грмотевици, пренесува Аднкронос. Метеорологот на италијанскиот портал iLMeteo, Матеја Гусони изјави дека силно атмосферско нарушување од Атлантикот носи значително влошување на времето, кое прво ќе ги зафати северните, а потоа централните и јужните делови на Италија. Според него, областа со низок притисок што ќе се продлабочи над италијанските мориња ќе извлече влажен воздух од Медитеранот и силни јужни ветрови, што може да доведе до развој на многу силни и долготрајни бури, особено пред брегот на Лигурија. „Регенерирачките“ бури, односно системи со грмотевици кои речиси не се движат и носат обилни врнежи во истата област со часови, може да предизвикаат екстремни количини на дожд, до 200 милиметри за само неколку часа, во централните и западните делови на Лигурија. Ова, како што изјави Гусони, е количината на врнежи што обично паѓа во текот на приближно два месеци. Обилни и долготрајни врнежи денеска се очекуваат и на Алпите, предалпските области и рамнините на северна Италија, особено во Пиемонт, Ломбардија, Венето, Фриули-Венеција Џулија и Тоскана. Very heavy precipitation is occurring over the open sea between the Gulf of Lions and the Ligurian Sea (Mediterranean). This precipitation poses a danger, particularly in the inland areas of #France and #Italy. #weather https://t.co/vSani3qnB6 — NewsFromSea (@riskiomap) October 20, 2026 Во среда невремето треба да се придвижи кон централните и јужните делови од земјава, особено долж Тиренското Море, каде се можни пороен дожд и грмежи. Метеоролозите предупредуваат и на силен јужен ветер, особено долж брегот, кој би можел да надмине 50 до 60 километри на час, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни при патувањето и да ги следат предупредувањата од цивилната заштита. Првото подобрување на времето се очекува во четврток на 22 октомври, кога во поголем дел од земјата ќе има повеќе сончеви периоди, но веќе во петок ново атмосферско нарушување може да зафати одредени делови од централна и северна Италија. Во Џенова сите училишта се затворени поради портокаловото предупредување кое важи од 07:00 часот утринава до полноќ. Градските власти ваквата одлука ја оправдаа со прогнозите на метеоролошката служба Арпал и фактот дека земјиштето е веќе заситено со вода по обилните врнежи во неделата, особено во источниот дел на градот. „Центарот за оперативно управување одлучи за утре да ги затвори училиштата од сите нивоа, имајќи ја предвид прогнозираната состојба и големото оптоварување на теренот по интензивните врнежи“, се вели во соопштението на градската управа. Градскиот советник за образование Рита Бруконе потврди дека сите училишта во Џенова ќе бидат затворени. Во Тоскана е издадено жолто предупредување за силни грмотевици, кое ќе важи од 15 часот. до полноќ. Претседателот на Тоскана, Еугенио Џиани предупреди дека од попладневните часови, а особено во вечерните часови локално се очекуваат многу обилни врнежи, придружени со поројни поплави и силни налети на ветер, особено на островите, долж брегот и во западните делови од регионот.Тагови: италија невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)Моторот на патнички авион Ербас А320 се запали кратко пред полетувањето на Меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу.Снимките покажуваат густ црн чад како се издига од левиот мотор. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани, а според потврдата од LATAM Airlines, никој не е повреден. #Último Ala de un avión de LATAM que iba a Piura se incendió está mañana antes de despegar en el Jorge Chávez. Segundo incidente seguido de la aerolínea (luego de la despresurización del avión que iba a Sao Paulo el viernes). Empresa indica que origen del incidente será evaluado. https://t.co/vIdcnZOOFg — Paolo Benza (@paolobenza) October 19, 2026 Покрената е истрага Компанијата LATAM Airlines го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“. Околностите на инцидентот и неговата причина сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.Тагови: авион Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре претпладне сончево и облачно, попладне дожд Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook