Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
Други спортовиПочина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески – ЦипаТажна вест ја потресе македонската одбојка и македонскиот спорт воопшто.Македонскиот спорт претрпе голема загуба. На 66-годишна возраст почина Владимир Ѓорчески – Ципа, еден од најистакнатите македонски одбојкари во историјата и татко на најдобрaта македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Ѓорчески е роден во 1960 година. Одбојкарската кариера ја започна во тетовскиот Југохром, каде помина две сезони. Брзо беше запаметен како играч со голем потенцијал, па следуваа пет години во Работнички и пет години во Вардар. На врвот од кариерата, тој ја продолжи кариерата во странство, каде настапуваше за европските гиганти – шпанската Барселона и грчкиот Арис од Солун. Кариерата ја заврши повторно во македонските клубови Вардар и Југохром. За репрезентацијата на Југославија одигра 48 натпревари, а по осамостојувањето на Македонија пет години беше дел од националниот тим, при што беше и нејзин прв капитен. Со своите квалитети, професионализам и посветеност, Владимир Ѓорчески – Ципа остави траен печат во македонската одбојка и се вбројува меѓу најзначајните фигури во историјата на овој спорт во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter