Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ - Канал 5

Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Светската кошарка загуби великан, денеска  во 78 година од животот почина легендарниот српски кошаркаерски стератег Душан Дуда Ивковиќ.

Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Веста за починувањето на легендарниот тренер ја потврди првиот човек на неговиот клуб Раднички.

-Во 6-50 часот утрово во болница во Белград почина Душан Ивковиќ, од последици во течност во градите и херпес, изјавил првиот човек на Раднички, Горан Калиниќ за Спорт Клуб.

Легендарниот Дуда Ивковиќ беше роден во Белград на 29 октомври во 1943 година.

Душан Ивковиќ беше најуспешниот селектор на Југославија на европските првенства, на кои освојување златни медали во Загреб, Рим и Атина, во 1989, 1991 и 1995.

Со селекцијата на Србија освои сребро . Тренерската кариера легендарниот Дуда ја заврши во 2016 година како тренер на Олимпијакос.

Дуда во долгата и успешна кариера како тренер ги предводел и клубовите Партизан, Арис, Раднички, Шибенка, Војводина, ПАОК; Панионис, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Ефес Пилсен.

Во клупската кошарка Дуда Ивковиќ има две титули во Евролигата , и трофеи од Купот на Радивој Кораќ, Рајмондо Сапорта и УЛЕБ купот, бил и шампион на првенствата на Југославија, Грција и Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните.

Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски.

Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните.

Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата.

Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање.

Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

Саудиска арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија.

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

Саудиското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак.

Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак.

Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери.

Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот.

Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак.

Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“

Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница

Голем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош.

На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните.

Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош!

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер