Почина легендарната Ракел Велч - Канал 5

Почина легендарната Ракел Велч

Тажна вест од Холивуд- почина актерката Ракел Велч.

Почина легендарната Ракел Велч

Имено, актерката почина на 82-годишна возраст, а причината за смртта засега е непозната.

Познато е дека Ракел своевремено беше симбол на сексипилноста , а нејзините филмови се гледаат и денес.

Најпозната е по улогите во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“ B.C. од 1966 година.

Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за ТМЗ, велејќи дека таа починала утрово. Ракел ја доби наградата Златен глобус за најдобра женска улога за нејзината улога во филмот „Тројцата мускетари“ од 1974 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

 Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Ристо Никовски.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Поголеми шанси за проширување или поголеми пречки пред интеграцискиот старт, кои се новите правила за членство што ги подготвува ЕУ? Што може да очекуваме од заострената реторика со Софија? На кои „тројански коњи“ мисли Кос и како дел од членките да ги почитуваат европските вредности?

Каде е Македонија среде новите геополитички потреси?

Кој ги бара, а кој не е подготвен да оди на предвремени избори?

Дејан Трајкоски во Вести Плус, со Ристо Никовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер