Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
МакедонијаПочина Јасмина Зисовска, една од најистакнатите активисти за заштита на манастирот во МатејчеПочина Јасмина Зисовска-Зис, историчарка на уметност од Куманово, една од најистакнатите кумановки која со децении алармираше за исклучително лошата состојба за манастирот во Матејче. Нејзините колеги од Македонија се простуваат со неа, укажувајќи дека остави неизбришлива трага во зачувувањето на сакралните објекти. Зисовска е родена на 28 февруари 1959 година во Куманово каде завршува основно и средно образование (гимназија) по што се запишува на Филозофски факултет на УКИМ во Скопје, група историја на уметност со археологија. Дипломира 1984 година, по една година вработува во НУ Музеј – Куманово, тогаш Народен музеј, како кустос историчар на уметност.-Првите десет години ги истражува христијанските сакрални споменици во Куманово и кумановско. Плод на теренските истражувања е каталогот за „Иконите во Кумановско“ во соработка со колешката од Музеј на Македонија, Викторија Коробар (2001), издаден по повод 2000 години од христијанството, а иконите беа сместени во Галеријата на икони во црквата „Св. Никола“ во Куманово). Има објавено напис „Црковни споменици во Кумановскиот крај“, во музејски гласник бр. 1 (1994) во издание на Народен музеј – Куманово-наведуваат од НУ Музеј Куманово. Наредните десет години работи како кустос за современа уметност во Уметничката галерија, која е составен дел на Музејот, каде активно работи на реализирање на самостојни и групни изложби, особено на традиционалните изложби „Кумановски ликовни уметници“ и „Ликовна колонија Куманово“. Во НУ Музеј-Куманово работи до 31.12.2004 година, а од 1.1.2005 година преминува во Управата за заштита на спомениците на културата при Министерството за култура во Скопје, каде работи како советник инспектор за културно наследство, – историчар на уметност, сè до 2019 година, и поради здравствени проблеми, повторно се враќа и работи во Музејот во Куманово, сè до нејзиното пензионирање, 28.2.2021 година. Зисовска ќе остане како една од најистакнатите кумановки која со децении, по воениот конфликт 2001 активно се залагаше за заштита на манастирот посветен на Богородица кој беше во исклучително лоша состојба, постојано предупредуваше за негова заштита за еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираатШимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него. Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање. Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените. Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна. Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење. Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања. Извор: Б92Тагови: Tinder Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter