Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат
2Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат
РакометПочина голманот на португалската репрезентација, КвинтанаАлфредо Квинтана, голман на португалската ракометна репрезентација и на Порто, почина на 33-годишна возраст, четири дена откако доживеа срцев удар на тренинг.Квинтана бранеше за Порто, а пред четири дена за време на тренинг му се слошило и веднаш бил пренесен во болница. Голема поддршка му дадоа и најголемите ривали на Порто, Бенфика и Спортинг. Тие излегоа на натпреварите во маици за поддршка на Квинтана. Бенфика издаде специјално издание на дресовите, на кое секој го носел презимето на Квинтана. Неговиот градски ривал носел слични маици со порака „Ние сме сите со вас“. За потсетување, Португалија ќе игра квалификации за Олимписките игри со Хрватска, Франција и Тунис во март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаМицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаатНад 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува.Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува. Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети. Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет. Филипче и СДС секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси. Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДС, носи само штета на државата. Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДС. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднинаЗаменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република СрбијаЗаменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост. Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа нагласи дека Македонија останува посветена на спроведување реформи кои обезбедуваат еднакви можности, поголемо учество на жените во процесите на одлучување и зајакнување на институционалната заштита на нивните права. „Европската интеграција не е само усогласување со законодавството, туку и создавање општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да придонесува и да напредува. Родовата еднаквост е суштински дел од таа визија“, истакна Трајков. На панелот беа разменети искуства и добри практики од земјите во регионот и од институциите на Европската Унија, со акцент на зајакнувањето на регионалната соработка во креирањето политики за еднакви можности и поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот. Конференцијата обедини претставници на владини институции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и експерти од регионот и Европа, со цел унапредување на дијалогот и партнерствата за изградба на поинклузивни и поправедни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook