Почина фудбалската легенда Ивица Осим - Канал 5

Почина фудбалската легенда Ивица Осим

На 81-годишна возраст почина легендарниот селектор на БиХ, Ивица Осим.

Почина фудбалската легенда Ивица Осим

Прославениот тренер починал во 10 часот во Грац, Австрија, каде што живеел со години. Тој е роден во Сараево во 1941 година, а фудбалската кариера ја започнал во сараевски Железничар. За тој клуб играл 11 години и собрал 250 настапи со 75 постигнати голови. Потоа отиде во Франција во 1970 година.

Беше играч со фантастична техника, непредвидлив дриблинг и фантастичен шут. Фудбалот што го играше беше авангарден на терените на поранешната држава. Неговиот стил на игра потсетуваше на бразилските виртуози од тоа време, поради што го доби прекарот „Штраус од Грбавица“. Девет години беше миленик на навивачите на Жељо, а надвор играше и за холандскиот Цволе и француските клубови Седан, Стразбур и Валенсиен. За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 16 натпревари и постигна осум гола, а беше и репрезентативец со среброто на Европското првенство во 1968 година.

Тој го водеше Жељезничар од 1978 до 1986 година. Беше селектор на Југославија од 1986 до 1992 година, тренер на Партизан, Панатинаикос, Штурм, Џеф Јунајтед, а последен тренерски ангажман му беше како селектор на Јапонија во 2007 година. Едно време Реал Мадрид сакаше да го доведе, но во два наврати тој го одби клубот.

„Искрено, се исплашив, не знаев што ќе правам таму. Ако некој тогаш ме прашаше - што ќе правиш? Тоа е сепак добра работа, тоа е чест, само луд човек може да одбие. Не сум, туку само се прашав - и зошто одам сега таму. Има толку многу големи имиња, толку голем клуб што треба да се запрашате, ако сте малку фер, што ќе направам, што ќе кажам сега, што знам, што треба да работат Бутрагењо или Санчез или Јеро или другите играчи“, објаснил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Хаос на улиците во Франција.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот.

Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица.

Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети.

Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо.

Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци .

Немири и насилства имаше и на улиците во Германија.

Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата.

По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје.

Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер