Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КошаркаПочина Дражен Далипагиќ Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата.Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“. Далипагиќ е роден во Мостар на 27 ноември 1951 година. Тој е член на Куќата на славните и освојувач на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво . По Далипагиќ низ Партизан поминаа мноштво големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до 8.278 поени. Далипагиќ го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, како и во сезоната 1981/82 година. Со црно-белите освои две титули (1976 и 1979 година), Купот на СФРЈ и два европски купа Радивоје Корач во 1978 и 1979 година, а со репрезентацијата на Југославија - сè“, потсетува Партизан. Далипагиќ беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои придонесоа најмногу во Евролигата и меѓу 50-те најдобри играчи на ФИБА. Дражен Далипагиќ играше во синиот дрес на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983 година, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 година и на Олимписките игри во 1984 и 1986 година. Тој одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986 година. На светските првенства освои злато 1978, сребро 1974 и бронза 1982 и 1986. На Олимписките игри освои злато во 1980 година, сребро во 1976 година и бронза во 1984 година. На Европското првенство освои злато во 1973, 1975 и 1977 година, сребро во 1981 година и бронза во 1979 година. На индивидуален план Далипагиќ е добитник на бројни награди и признанија! Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 година, а за најдобар кошаркар во Европа во 1977, 1978 и 1980 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да имаВчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. По случаите за примање мито од помошник директорот во Царинската управа Имери и и од возачот на генералниот секретар на Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во моментот се следат уште неколку случаи за кои постои соменвање за системска корупција во институциите. Не прецизираше за колку точно случаи станува збор и за кои сектори се работи, но посочи дека ваквите коруптивни дејствија низ иснтитуциите мора да бидат искоренети. Уверува дека случаи на висока корупција нема и порача дека секој кој се огрешил ќе одговара. „Следиме неколку случаи и чекаме тие тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои што ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават без исклучок секој ќе биде санкциониран. Еве, јавно го кажувам тоа“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Мицкоски најави и дека наскоро ќе биде отпочнат проект за пријавуавње корупција во соработка со Транспаренси Интернешанал. Граѓаните ќе можат на отворен број да пријавуваат доколку некој им побара мито. Во однос на случаите со барање на мито во Царинската управа и во СОЗР, премиерот вели дека не биле пријавени од граѓани во Обвинителството за оранизиран криминал но не сакаше да коментира за, како што рече, да не влијае на истрагите. Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. Според истрагата на ОЈО ГОКК во периодот од април/мај до септември годинава Имери користејќи ја својата службена положба во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. Тој по преземањето на парите се обиде да и избега од полицијата, но набрзо беше фатен и успасен. За примање мито пред една недела беше успасен и возачот на генералниот секретар на Владата Д,Ц кој барал поткуп од 1.500 евра за посредување при вработување на пожарникар во Град Скопје. Беше фатен на лице место при примопредавањето на 500 евра обележани пари. Веднаш по настанот, ген.секот на Влдата Јанушев целосно се огради од возачот и посочи дека за неговото незаконско постапување треба да оговара пред надлежните инстутуции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧестите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак. Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки. Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата. Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“. Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во СкопјеПуштена во употреба новата когенеративна постројка.Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook