Почина дизајнерот Чезаре Пачиоти - Канал 5

Почина дизајнерот Чезаре Пачиоти

Дизајнерот и производител на обувки почина во неделата во Чивитанова Марке, Италија.

Почина дизајнерот Чезаре Пачиоти

Дизајнерот и производител на обувки Чезаре Пачиоти почина на 69-годишна возраст.

Детали за причината за смртта не се откриени. Во соопштението објавено во неделата вечерта се наведува дека Пачиоти починал во Чивитанова Марке, во централна Италија, опкружен со своето семејство и децата.

Заедно со својата сестра Паола, „тој напиша фундаментална страница во историјата на обувките со ознаката Made in Italy,“ стои во соопштението. Натаму се додава: „Иконскиот симбол — шилестиот бодеж — ќе остане како изјава на идентитет и храброст. Ќе биде запаметен по својот заводлив стил и по својата извонредна човечка дарежливост.“

Потписниот бренд на Пачиоти е познат по своите секси и женствени дизајни на обувки. На Миланската модна недела минатиот месец, токму потпетицата во форма на бодеж повторно беше во центарот на вниманието, бидејќи брендот го нагласи своето богато наследство.

Компанијата е основана во 1948 година во Чивитанова Марке — еден од главните италијански центри за производство на обувки — од Џузепе и Чечилија Пачиоти, родителите на Чезаре и Паола. Нивната мисија била да создаваат рачно изработени, занаетчиски обувки.

Чезаре Пачиоти го лансира својот истоимен бренд во 1980 година и го претвори во признат и меѓународно успешен бизнис. Неговите остри потпетици и иновативни дизајни му донесоа слава меѓу познати личности како Бијонсе Ноулс-Картер и Парис Хилтон. Сандалите и чизмите со крзно или украсени со кристали беа меѓу најпродаваните модели. Брендот стана редовен дел од Миланската и Париската модна недела.

Во 2007 година, дизајнерот ја претстави и комплетната линија облека под ознаката „Paciotti 4US“, пренесува wwd115.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите на средба со министерката Јаневска во владата

Повисок субвенциониран студентски оброк, бесплатен јавен и меѓуградски превоз, пристојни услови во студентските домови. Ова се дел од барањата што студентите ги ставија на маса пред министерката за образование Весна Јаневска.

Студентите на средба со министерката Јаневска во владата

Иако законот предвидува усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, од 2023 година износот е зголемен само еднаш, од 120 на 140 денари. Јаневска посочува дека досега се постапувало според договореното со студентите.

„Имаме пишани докуманти во кои велат не сакаме покачување, сакаме проширување на квотата. Ние сме ја прошириле квотата до моментот на барање важи тој договор. И покачувањето од 20-те денари ја покрива 2025 година и дел од 2026 до нивното ново барање. Инфлацијата ако ја пресметаме за оваа година ќе биде 147 денари. – Весна Јаневска, министерка за образование и наука

За бесплатниот јавен и меѓуградски превоз, Јаневска вели дека Министерството за образование нема надлежност да ги исполни овие барања.

,,Превозот како превоз и состојбата во државата не се во ингеренциите на Министерството за образование и наука. Има друго Министерство за тоа и има Локална самоуправа која претпоставувам според потребите и го решава превозот.Во однос на барањата на студентите за меѓуградски превоз немаме законска можност. Тоа би требало да биде нешто ново да го сработиме во иднина.“ – Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Дополнително министерката уверува дека за само две години оваа Влада во однос на студентскиот стандард направила многу повеќе од претходната. Таа најавува дека есенва ќе почне реконструкција на уште три студентски домови, а напролет како што вели, се очекува да започне обновата и на преостанатите. Според министерката, состојбите постепено се доведуваат во ред, но за поголеми промени е потребно време.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите

3.266 граѓани се вакцинирале се новата вакцина против грип, од 6.710 закажани термини за вакцина.

Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите

Министерот за здравство Клековски посочи дека денеска е склучен договор за нови дополнителни 26 илјади вакцини од производителот Санофи кои треба да приститигнат до 15 ноември. Најголем интерес за вакцина има кај возрасните луѓе над 65 години, а потоа следуваат хронично болните.

„Секој ден се вакцинираат по илјада луѓе. Со новите закажувања се очекува и до 1.700 вакцинации дневно“, вели Сашо Клековски, Министер за здравство

Досега се пријавени 66.821 граѓани. Во моментов има 56 илјади вакцини, а највени се вкупно 86.000 вакцини.

„Не се јавиле 500 граѓани, доколку не можат на време да отидат на вакцина да откажат. Ќе има вакцини за сите. И во Јануари да се вакцинираат ќе имаат солиден имунитет“, потенцира Клековски.

Тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари луѓе, а од наредната недела и во центрите за дијализа потврди министерот за здравство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

Тошковски оствари повеќе значајни средби.

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици.

Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност.

На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации.

На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението.

Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти.

Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење.

„Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот“, нагласи Тошковски.

Работната посета на САД претставува можност за продлабочување на меѓународната полициска соработка, размена на добри практики и разгледување нови пристапи за технолошко унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.дно секојдневие на секој граѓани. Целта е јасна – македонската полиција да биде чекор пред криминалот, побрза во реакцијата, поефикасна во заштитата и поблиску до граѓаните. Модернизацијата не е само вложување во нова опрема и технологии, туку во систем што навремено ги препознава заканите, спречува кривични дела и спасува човечки животи. Токму во таа насока Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги развива своите капацитети, со крајна цел – посилна полиција, поголема безбедност и држава во која секој граѓанин ќе се чувствува сигурно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер