Почина боксерски шампион, кој неодамна го надмина рекордот на Тајсон - Канал 5

Почина боксерски шампион, кој неодамна го надмина рекордот на Тајсон

Тажна вест вчера попладне го погоди светот на боксот кога беше објавено дека Пол Бамба, боксерскиот шампион, ненадејно починал на 35-годишна возраст.

Почина боксерски шампион, кој неодамна го надмина рекордот на Тајсон

Причината за смртта се уште не е позната, но потврдено е дека тој починал вчера попладне. Веста е објавена на Инстаграм со порака: „Со големо жалење ја објавуваме смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски шампион Пол Бамба, чија љубов и светлина допреа многу животи“.

Бамба минатиот викенд ја освои златната титула на WBA Gold Cruiserweight со победата над Рохелио Медина Луна и постигна рекорд во кариерата од 19 победи и три порази. Тој имаше одлична година во 2024 година каде забележа 14 победи, сите со нокаут, соборувајќи го рекордот на Мајк Тајсон од 13 нокаути за 12 месеци. По неговата последна победа, Бамба го предизвика Џејк Пол на борба.

„Џејк, можеш да дојдеш, можеш да се бориш или можеш да продолжиш да лажираш борби. На крајот на денот, јас си ја завршив работата. Можеш да кажеш дека боксот го сфаќаш сериозно и направи многу пари, но не си заработил почит во боксот“, изјави Бамба пред неколку дена.

Пол Бамба требаше да се бори со Томи Фјури, полубратот на Тајсон Фјури, во 2020 година во Дубаи, но борбата потоа беше откажана бидејќи Фјури имаше проблеми со тежината. „Тој беше борец со голема самодоверба и непоколеблива амбиција да постигне врвни резултати.“

Но, пред сѐ, тој беше неверојатен човек кој инспирираше многумина. Ние сме уништени од неговата смрт и љубезно бараме приватност и разбирање во овој тежок момент додека тагуваме заедно“, се заклучува во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. 

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи.

Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош.

Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот.

Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства.

YouTube video

За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети.

Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец.

Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер