Почина Александар Стојановиќ, балетан, кореограф, режисер и репетитор - Канал 5

Почина Александар Стојановиќ, балетан, кореограф, режисер и репетитор

На 11 март почина Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелија оваа уметност во Македонија.

Почина Александар Стојановиќ, балетан, кореограф, режисер и репетитор
Стојановиќ (1934-2016) за време на своето долгогодишно уметникување одигра плејада ликови, претежно од делата на светската балетска класика, но посебно ќе биде запаметен по улогите во претставите од македонските автори, Љубомир Бранѓолица и Трајко Прокопиев.

Како балетан настапувал во улогите на Алберт и Хиларион во „Жизел“; Жан де бриен „Рајмонда“; Ромео „Ромео и Џулиета“ (Чајковски); Ромео и Тибалт „Ромео и Џулиета“ (Прокофјев); Лабин „Лабин и Дојрана“; Генерал и Мазурака „Танц на кадетите“; Непознатиот „Легенда за љубовта“; Војникот „Балада за Скопје“; Капетан Кука „Петар Пан“; Сврзимантија „Кикотењето на Гроздана“ и многу други.

Бил кореограф на „Тоа е Човек“; „Херојска симфонија“; „Рекламна бајка“ (драма); „Кикотењето на Гроздана“; „Песна над песните“. Репетитор во: „Жизел“. „Легенда за љубовта“, „Охридска легенда“, „Валпургиска ноќ“, а режисер на „Дубровничка легенда“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Билјана Плавшиќ

Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, осудена пред Хашкиот трибунал (МКТЈ) за воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, почина утрово во Белград на 96-годишна возраст.

Почина Билјана Плавшиќ

Единствената жена осудена за воени злосторства во Хаг Плавшиќ беше една од клучните политички фигури на српското раководство во БиХ во текот на првата половина на 1990-тите години и единствената жена осудена за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг.

Пред да се вклучи во политиката, таа работела како универзитетски професор по биологија во Сараево, а во политичкиот живот влегла пред распадот на Југославија како членка на Српската демократска партија (СДС).

По потпишувањето на Дејтонскиот договор и меѓународниот притисок што доведе до повлекување на Радован Караџиќ, Плавшиќ ја презеде функцијата претседател на Република Српска во 1996 година.

Откако против неа беше покренато обвинение во 2000 година, таа доброволно му се предаде на судот и се изјасни за виновна.

Хашкиот трибунал покрена обвинение против неа во 2000 година, товарејќи ја за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војување. Плавшиќ доброволно му се предаде на судот во јануари 2001 година.

До пресврт во постапката дојде во октомври 2002 година, кога таа постигна спогодба за признавање вина со обвинителството: таа се изјасни за виновна за прогон врз политичка, расна и верска основа како злосторство против човештвото, додека обвинителството за возврат се откажа од преостанатите точки од обвинението, вклучително и од обвинението за геноцид.

Таа изрази каење пред Судскиот совет, изјавувајќи дека ја прифаќа целосната одговорност за страдањето на лицата кои не биле Срби, предизвикано од нејзиното раководење.

Во февруари 2003 година, таа беше осудена на 11 години затвор и ја отслужи казната во женскиот затвор „Хинсеберг“ во Шведска. Откако отслужи две третини од казната, таа беше предвремено ослободена во октомври 2009 година, во согласност со шведските прописи.

По излегувањето од затвор, таа се повлече во Белград, а во подоцнежните јавни изјави и мемоари ја релативизираше својата изјава за вина дадена во Хаг, тврдејќи дека тоа го сторила од прагматични причини и заради постигнување спогодба, со што го поништи претходно изразеното каење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медицински хеликоптер се урнал во морето кај Лос Анџелес, двајца загинати

Медицински хеликоптер се урнал синоќа во близина на островот Каталина, недалеку од Лос Анџелес. 

Медицински хеликоптер се урнал во морето кај Лос Анџелес, двајца загинати

Во несреќата загинаа две лица, две беа пренесени во болница, а во тек е потрага по уште едно лице, пренесува АП.

Џонатан Торес од Противпожарната служба на округот Лос Анџелес ја потврди смртта на две лица и пренесувањето на двајца повредени во локални болници.

Членот на окружниот совет, Џенис Хан, на платформата „Икс“ (X) објави дека, според информациите што ги добила, хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од островот.

Надлежните служби добија известување за несреќата синоќа, непосредно пред 20 часот, по што на местото на настанот беа упатени службите за итни интервенции и Крајбрежната стража на САД.

Остатоците од леталото беа лоцирани на длабочина од 73 метри во близина на островот Каталина, кој се наоѓа на околу 35 километри од брегот на округот Лос Анџелес.

Здравствената состојба на едно од хоспитализираните лица засега е непозната. Се претпоставува дека хеликоптерот бил во сопственост на компанијата „REACH Air Medical Services“ со седиште во Сакраменто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до бруцошите: Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите вратете се дома

Пред 30 години и јас бев како вас, бруцош, го имав тогаш првиот универзитетски час, и започнав една нова епизода во мојот живот, како студент, откако ги  завршив прилично возбудливите средношколски денови.

Мицкоски до бруцошите: Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите вратете се дома

Претходните говорници ви кажаа сѐ што треба да знаете за Универзитетот и за сето она што тука во следните години ќе биде ваш предизвик, јас ќе се обидам да излезам од онаа формална куртоазна форма и ќе се обидам денеска да не зборувам како политичар и претседател на Владата, туку да зборувам како ваш колега и професор од еден друг универзитет, којшто денеска е овде гостин на вашиот универзитет и сака со вас да сподели две работи кои што мислам дека ќе ви бидат значајни во годините коишто следат и во процесот на студирање и стекнување знаење овде на Универзитетот „Гоце Делчев“.

И потоа би сакал една порака до моите колеги, професори, ваши наставници со коишто во годините коишто следат ќе се гледате многу често, ќе другарувате и ќе стекнувате знаење.

Ќе имате предизвици, подеми и падови, но убеден сум дека оваа приказна од вашиот живот ќе заврши успешно, ќе ја паметите целиот живот и тоа ќе биде основа понатаму да изградите семејства коишто понатаму ќе ја градат нашата заедничка татковина Македонија.

Пред 30 години и јас бев како вас, бруцош, го имав тогаш првиот универзитетски час, и започнав една нова епизода во мојот живот, како студент, откако ги завршив прилично возбудливите средношколски денови. Тоа беше едно друго време, сепак три децении ако се вратиме назад имавме многу предизвици како млади луѓе.

Но, она коешто тогаш го немавме, а коешто вие денеска го имате е брзиот начин на комуникација, социјалните мрежи, но и сето она коешто како предизвик доаѓа со брзиот начин на комуникација и социјалните мрежи.

Поминуваше животот, животот ме носеше во различни средини и поминав еден добар дел од својот живот во Италија, дел од својот живот поминав во Германија, завршувајќи го експерименталниот дел од мојот докторат. Еден дел од својот живот поминав и како визитинг професор на универзитетот технички во Виена.

Но, она коешто секогаш ме инспирираше и претставуваше моја водилка во животот, а тоа беше мојата родна земја, татковина Македонија. Каде и да одев, се враќав назад и знаев дека тука ќе го формирам моето семејство и тука ќе го продолжам мојот живот.

На тој начин ги воспитувам и моите два сина Јован и Антониј. Да патуваат, да стекнуваат знаење, да другаруваат, да го поминат целиот свет и онаму каде што ќе имаат можност, никогаш таа можност да не ја одбијат. Но, крајот да се вратат дома и заедно дома да се бориме за нашата заедничка татковина Македонија.

Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде тамо далеку од овде е подобро и дека тамо е сѐ поинаку отколку тука дома.

Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја, Македонија.

Тоа никој пат немојте да го заборавите. Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот – Македонија.

Втората порака којашто сакам денеска од овде да ја упатам е до моите колеги и ваши професори - Ја имате најубавата работа на светот, а тоа е да го пренесете вашето знаење на овие прекрасни млади луѓе, а од тоа знаење коешто вие ќе им го пренесете, зависат и нивните семејства во иднина, нивните деца, нивните внуци, и сето она коешто ќе следи како предизвик во нивниот живот.

Искористете ја таа шанса, бидете дел од нивната младост, но исто така бидете дел и од нивниот живот понатаму низ годините коишто следат.

Имајќи ја најубавата работа на светот, тоа треба да ви биде чест, но и одговорност, бидејќи ретко кој има таква одговорност и можност во животот.

Затоа мојот совет и мојата порака до моите колеги, а ваши професоре, е – Бидете тоа што треба да бидете. Бидете нивните педагози и нивниот пример како понатаму во животот треба тие да бидат пример за своите деца и за своите семејства.

И сосема на крај, повторно ќе се вратам до бруцошите, до моите најдраги колеги, коишто денеска зачекоруваат во една нова приказна во нивниот живот.

YouTube video

Нека ви бидат успешни овие години на другарување, стекнување знаење и учење. Инспирирајте се од убавините на вашата татковина Македонија, работете за вас, за вашите семејства и за нејзе, бидејќи поубаво место друго на светот немаме.

Ви благодарам и нека ви е со успех почетокот на студирањето, им рече во своето обраќање на новите студенти на Универзитетот Гоце делчев во Штип премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер