Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
2Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
КултураПочина актерот на Велешкиот театар Самоил СтојановскиНа 54-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Самоил Стојановски, извести на својата ФБ страна Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, каде што тој беше вработен.Роден на 3 ноември 1970 година во Скопје, тој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении. Од 2003, па до неговиот последен аплауз во декември годинава, беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. На сцената на Велешкиот театар создаде ролји во бројни претстави, меѓу кои: „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „Жени во народното собрание“, „Сомнително лице“, „Враќање“, „Железно пиле“, „Дом за птици“, „Да се заборави Херострат“, „Х-Хамлет“, „Птици“, „Џинот, учителот“, „Веселите жени од Виндзор“, „Тероризам“, „Баханалии“, „Злосторство на островот на козите“, „ММЕ кој прв почна“, „Онегин“, „Шашардисани времиња“, „Принцезата и Гускарот“, „Последниот Балкански вампир“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Најважната работа на светот“, „Приказни од шестиот кат“, „Класен непријател“, „Добрата надеж“, „Мачорот во чизми“, „Ана Комнена“, „Синиот портокал“, „Лисистрата“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“ и други. Стојановски оствари улоги и во филмската и телевизиската продукција, учествувајќи во проекти како што се „Трст виа Скопје“ (1987–1990), „Погрешно време“ (2000), „Вампирџија“ (2002), „Крајот на играта“ (2002), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Ова не е американски филм“ (2011), „Старо купуем“ (2013), „Приказни од животот“ (2014), „Ослободување на Скопје“ (2016), „Преспав“ (2016), „Македонски народни приказни“ (2017) и „Црвениот поет“ (2024) и други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаСилна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата. Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката. Powerful explosion rocks an ammunition plant near Rome A fire and powerful explosion occurred at the KNDS Ammo Italy plant in Colleferro, which produces medium- and large-caliber ammunition as well as solid propellant for aerospace rockets. According to preliminary information,… pic.twitter.com/hm8FQ2GpUf — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 „KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија. Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година. Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook