Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
2Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
КултураПочина актерот Лазе Манасков На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков.-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј" ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар - Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година. Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФерати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот патМинистерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање. На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија. Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедницитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачимеМакедонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски. Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животиОва е тогашната слика од скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години. Невреме кое однесе 22 животи, a како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага. Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра. -Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина? Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најоштетените места – селото Стајковци. -Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави.- Општина Гази Баба Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле. -ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи. - Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди. Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook