БалканПочесната награда „Илинден“ на МД „Илинден“-Тирана годинава за ФУЕНПо повод 16-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ - Тирана донесе одлука за доделување на истоимената награда и благодарници на поединци и институции.Годинава добитник на почесната наградат „Илинден“ е Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), каде друштвото е полноправен член од 16 мај 2015 година. - Благодарници се доделуваат на Љуфтим Спахиу, вршител на должноста македонски амбасадор во Тирана, институција Народен правобранител на Албанија, потоа на Елса Џелили, координаторка на друштвото „Илинден“ за округот Елбасан и позната македонска активистка, Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада и на Ратко Лазарески, директор на весникот „Нова Македонија“, објави друштвото. Признанијата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. -И овој пат беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените избрани се оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија, стои во објавата на друштвото. Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, од негово и име на друштвото, им честита на добитниците со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“.Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата. Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“. Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растерети сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“. -Со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон. Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода-посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаБеким Сали: Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски патПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина.Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право. Тој нагласи дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери. Осврнувајќи се на значењето на Самитот, Сали истакна дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и по обединета Европа. Во однос на европската интеграција, министерот Сали нагласи дека Македонија, како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, е подготвена да ги сподели своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина во нејзиниот пат кон членство во Европската Унија. Тој посочи дека Меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина. На крајот, министерот Сали повтори дека Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пресудатa за Груевски и имотот на ВМРО е поради контролираното судствоХристијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2“ со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен.Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков. Се менуваа и назначуваа судии блиски до власта. Мицкоски им делеше задачи од собраниска говорница, преку телевизија и на телефон. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди пред да бидат јавно објавени. Ова се случува се во изминатите 2 години. Ете го резултатот денес на партизираното судство: Никола Груевски, човекот кој избега од правдата, е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО е вратен. Дури и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследност кај обвинителството и неадаптирање на обвинителниот предлог по измените на КЗ. Мицкоски не може да избега од одговорноста. Оваа пресуда е печат на заробеното правосудство што самиот го создаде. Како ќе се испере Мицкоски за тоа што не направи ништо за екстрадицијата на Груевски? И за тоа ли некој друг е виновен? Документите за негово враќање со месеци талкаа низ институциите и никогаш не беа испратени. Ништо од ова не беше случајност, туку свесна политичка одлука за заштита на Никола Груевски - човекот кој е симбол на криминалот и корупцијата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter