ПОЦ: Минатата недела санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар - Канал 5

ПОЦ: Минатата недела санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.11. до 16.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила .

ПОЦ: Минатата недела санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.11. до 16.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®,  со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“

Кај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на простатата, која со помош на роботскиот систем беше реализирана со исклучителна прецизност и максимална контрола во секој чекор од интервенцијата.

Уролошкиот тим беше предводен од проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со целосна поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски и тим анестезиолози, медицински сестри, техничари и болничари. Благодарение на нивната темелна подготовка, професионалност и беспрекорна координација, операцијата помина успешно и според планираниот тек.

Пациентот е во добра општа здравствена состојба, а постоперативниот тек и закрепнувањето се одвиваат според очекувањата. Овој историски успех е резултат на континуираната посветеност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да им ги овозможи на пациентите најсовремените медицински иновации и здравствена услуга според највисоките светски стандарди. Воведувањето на роботската хирургија претставува значаен чекор напред не само за болницата туку и за развојот на македонското здравство.

ХИРУРГОТ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РОБОТСКИОТ СИСТЕМ

Роботскиот систем не ја изведува операцијата самостојно. Секое движење на инструментите е целосно контролирано од хирургот, кој управува со системот преку специјализирана конзола. Роботот ги пренесува движењата на хирургот со исклучителна прецизност, овозможувајќи стабилна и детална работа и во анатомски тешко достапни региони. Тридимензионалната слика со висока резолуција му овозможува на хирургот повеќекратно зголемен и јасен приказ на оперативното поле.

Проф. д-р Сотир Ставридис објаснува дека ваквиот минимално инвазивен пристап овозможува поголема безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување.

„Имплементацијата на оваа софистицирана технологија ни отвора фасцинантни можности – ни овозможува да работиме со врвна, микроскопска прецизност и да изведуваме исклучително сложени хируршки зафати. Притоа, минимално инвазивниот пристап гарантира максимална безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. Интервенцијата се одвиваше беспрекорно и целосно според планираниот тек, што е директен резултат на темелната подготовка и врвната координација на целиот оперативен тим“ - изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија.

Во изведувањето на операцијата учествуваше и д-р Александар Мицковски, како дел од тимот уролози вклучени во интервенцијата.

„Очекуваме примената на оваа технологија дополнително да ги унапреди можностите за минимално инвазивен третман во урологијата и да овозможи изведување сè покомплексни интервенции, со поголема прецизност и помала траума за пациентот. Во иднина, нејзината поширока примена ќе придонесе за пократок болнички престој, побрзо враќање на секојдневните активности и уште подобри функционални и онколошки резултати“, изјави д-р Александар Мицковски.

ПРЕЦИЗНА АНЕСТЕЗИОЛОШКА ПОДГОТОВКА И ПОСТОЈАНА КООРДИНАЦИЈА

Медицинската директорка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Емилија Мирчевска, го предводеше тимот анестезиолози што учествуваше во операцијата.

За д-р Мирчевска, реализацијата на првата роботски асистирана операција претставува историски значаен момент за болницата. Таа изрази голема благодарност до сите членови на медицинскиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, благодарение на кои овој значаен медицински исчекор стана реалност.

„Горди сме што можеме да понудиме напредна хируршка грижа за нашите пациенти и современите медицински технологии да ги доближиме до сите граѓани. Како анестезиолог, ми беше голема чест и професиoнална гордост да бидам дел од првата роботски асистирана хируршка интервенција во нашата болница. Анестезијата во роботската хирургија има свои специфики, бара прецизна подготовка,внимателно следење и менаџирање на сите можни промени во организмот, кои настануваат поради положбата на пациентот за време на операцијата и инсуфлацијата на јаглероден диоксид. Ваквите процедури бараат високо ниво на координација и постојана комуникација меѓу сите членови на оперативниот тим. Овој успех е доказ дека располагаме со знаење, искуство и капацитет за примена на најсовремените медицински технологии“ - објаснува д-р Мирчевска.

ПРИДОБИВКИ ОД РОБОТСКИ АСИСТИРАНАТА ХИРУРГИЈА

Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија. Благодарение на тридимензионалната HD-визуализација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите, кои ги надминуваат природните ограничувања на движењето на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и максимално зачувување на виталните анатомски структури. За пациентите, ваквиот пристап значи помали оперативни резови, помала загуба на крв, намалена постоперативна болка, помал ризик од компликации, пократок престој во болница, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и поголема прецизност при зачувувањето на околните нерви, крвни садови и ткива.

Воведувањето на роботскиот систем не претставува само технолошки напредок, туку почеток на сосема ново поглавје во секојдневната хируршка практика на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да инвестира во иновативни медицински технологии, знаење и континуирана едукација на своите тимови, со единствена цел - подобро, побезбедно и поефикасно лекување и најдобар можен исход за секој пациент. Со проширувањето на примената на оваа технологија, се очекува роботски асистираната хирургија да стане нов златен стандард во лекувањето на сè поголем број пациенти и во изведувањето на најсложените хируршки интервенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Атрактивната и популарна пејачка Сандра Африка уште еднаш ја оправда титулата на една од најубавите српски пејачки и буквално ги вжешти социјалните мрежи со својата најнова објава.

Фото:  Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Сексапилната пејачка ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со провокативно селфи од луксузната јахта на која ужива во жешките летни денови.

Во преден план на фотките секако е нејзиниот провокативен црн костим за капење со необични отвори и ленти, кој совршено ги истакна нејзините силикони и извајана фигура.

Сандра го комплетираше целиот морски изглед со брендирани очила за сонце, лента за коса со украс и впечатливи обетки во форма на морска ѕвезда.

Сандра инаку редовни ги воодушевува своите фанови на социјалните мрежи со фотки на кое таа најчесто позира во минијатурно бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

Легендарните фотографии од времето кога најдобриот светски фудбалер Лео Меси го држи бебето Ламин во рацете добива специјално издание, откако нивната приказна повторно го освои светот.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

„Topps“ го најави издавањето на специјална колекционерска картичка инспирирана од една од најпознатите фотографии во историјата на модерниот фудбал – моментот кога Лионел Меси во рацете го држеше тогаш уште бебето Ламин Јамал.

Фотографијата е направена за време на престојот на Меси во Барселона, како дел од хуманитарна кампања на УНИЦЕФ.

Она што првично претставуваше симпатичен промотивен момент, со текот на годините доби речиси филмска симболика, бидејќи момчето од фотографијата прерасна во една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал и стандарден првотимец на каталонскиот гигант.

Интересот за оваа фотографија нагло порасна по финалето на Светското првенство, во кое Јамал и шпанската репрезентација ги победија Меси и Аргентина со тесен резултат од 1:0.

Многумина го опишаа натпреварот како симболично предавање на палката, со оглед на тоа што лесно можеше да биде последен настап на 39-годишниот Аргентинец на светската сцена. Токму поради моќната приказна што ги поврзува овие две фудбалски епохи, компанијата „Topps“ одлучи да ја овековечи култната фотографија на ексклузивна колекционерска картичка, која сигурно ќе привлече големо внимание кај колекционерите и фудбалските фанови ширум светот.

Почнувајќи од 2031 година, Topps ќе стане и официјален партнер на ФИФА за производство на колекционерски сликички, преземајќи ја таа улога од реномираната компанија Panini по долги години.

Topps работи во рамките на Fanatics – компанија што во последниве години значително го проширува своето присуство на пазарот за спортски колекционерски предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер