ПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди - Канал 5

ПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

ЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. 

ПОЦ:  ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето.

Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите.

„Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски.

ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина.

Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна.

Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23.

Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер