Побрзото одење е здраво за срцето - Канал 5

Побрзото одење е здраво за срцето

Доколку сакате да си го подобрите здравјето, тоа може да се направи со едноставни и мали промени. 

Побрзото одење е здраво за срцето

Имено, одењето со побрзо темпо би можело да ја намали опасноста од широк спектар на проблеми со срцевиот ритам, посочува истражувањето објавено во „БМЈ харт“ (BMJ Heart).

Истражувањето ги опфатило податоците од 420.925 учесници во „Биобанката на Обединетото Кралство“ (UK Biobank), кои дале податоци за брзината на одење. Според наводите, нешто повеќе од 6,5 отсто од учесниците имале бавно темпо на одење, 53 отсто - просечно одење и 41 отсто пројавиле брзо темпо. Во просек, за 13 години, 36.574 учесници (9 отсто од испитаниците) развиле некаква абнормалност на срцевиот ритам.

Пресметките, инаку, говорат дека просечно или брзо одење е поврзано со 35 отсто и 43 отсто помала опасност од сите абнормалности на срцевиот ритам - соодветно, во споредба со бавното темпо на одење.

Бавното темпо, од една страна, не е поврзано со опасноста од развој на абнормалности на срцевиот ритам, а од друга страна, повеќе време во одење со просечно или брзо темпо значи 27 отсто помал ризик. Атријалната фибрилација е состојба во која горните комори на срцето чукаат неправилно и пребрзо. А, пак, вентрикуларните аритмии се јавуваат кога абнормалниот срцев ритам почнува во долните комори.

Проблемите со срцевиот ритам може да ја зголемат и опасноста од мозочен удар, срцева слабост и срцев удар доколку не се лекуваат. Истражувачите забележаа дека истражувањето е само набљудувачко, што значи дека не може да се извлечат цврсти заклучоци за тоа дали брзото одење е директна причина за абнормалности на срцевиот ритам.

Овој научен труд е прв што ја истражува поврзаноста меѓу темпото на одење и аритмиите и покажува дека метаболичките и воспалителните фактори може да имаат негативна улога во тоа. Поточно, побрзото одење го намалува ризикот од дебелина и воспаление, што, пак, го намалува ризикот од аритмија.

„Ова откритие е биолошки веродостојно бидејќи кумулативните епидемиолошки испитувања покажаа дека темпото на одење е обратно поврзано со метаболичките фактори како што се дебелината, 'ХбА1ц' (гликоза на гладно), дијабетес и висок крвен притисок, коишто се поврзани со ризикот од аритмии“, велат истражувачите, предводени од професорката Џил Пел од Универзитетот Гласгов.

Просечната возраст на испитаниците е 55 години, од кои 55 отсто биле жени, а 97 отсто биле белци.

Демографските фактори и животниот стил земени предвид во испитувањата говорат дека учесниците кои пријавиле побрзо темпо на одење - поверојатно е да бидат мажи, да живеат во помалку обесправени области и да имаат поздрав начин на живот.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Од пет случаи на рак еден случај е меланом. Меланомот или рак на кожата е 17 најчест карцином кај населението во светот, се вели во извештајот Институтот за јавно здравје.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Во Македонија од меланом во 2023 година починале 55 луѓе, од 41 маж и 14 жени. Меланомот е почест кај мажите отколку кај жените Иако ризикот од меланом се зголемува со возраста, меланомот е меѓу најчестите видови на рак кај адолесцентите. Дераматовенеролозите велат дека најдобра превентива е самопрегледот на кожата секоја промена на бемка или промена на кожата да се замине на преглед.

Непријател на кожата е сонцето, луѓето треба да се посебно внимателни пред се луѓето со светол тен, обајснува Филиповиќ. Многу често доаѓаат и во рана фаза која е многу значајна за откривање на меланомот.

Експертите велат дека ако продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом на светско ниво ќе се зголеми на 510.000 и на 96.000 смртни случаи до 2040 година.

YouTube video

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес почна со одржување на циклус стручни обуки наменети за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и домашни миленици на граничните премини.

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Активностите се реализираат во соработка со Царинската управа.

Станува збор за контроли кои имаат суштинско значење за здравјето на луѓето и на животните, како и за безбедноста на храната која се движи низ граничните премини, се согласија на денешното отворање директорите на АХВ, Оливер Миланов и на Царинската управа, Бобан Николовски. Тие пред царинските службеници истакнаа дека координацијата е многу важна во зголемување на ефективноста на двете институции.

-Обуките кои ќе ги реализираме во наредниов период се основа за јакнење на капацитетите на теренските служби на двете институции и за градење на систем кој навреме ги препознава ризиците. Со оваа иницијатива го приближуваме нашето работење до европските стандарди и создаваме институционална координација која не се темели само на работа со документи, туку на реална, практична соработка на терен. Прекуграничниот сообраќај на луѓе, животни и производи е во постојан пораст и затоа од исклучителна важност е да имаме силна, стручна и координирана активност која навремено ќе ги препознае и ќе се справува со ризиците – истакна Миланов.

Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски ја поздрави иницијативата за реализација на обуките, потенцирајќи дека директор на Царинската управа се залага за континуирано учење и професионален развој на царинските службеници, како темел за една модерна и ефективна царинска служба. Законите, процедурите и предизвиците постојано се менуваат, при што, додаде тој, обуките треба да бидат приспособени на реални сценарија, се со цел истите да бидат ефикасни.

Со обуките, заклучи Миланов, ќе ги зајакнеме вештините на царинските службеници и ќе ги подобриме процедурите за контрола на ризиците кои произлегуваат од движењето на луѓе, животни и стоки како основа за унапредување на системот кој е транспарентен, ефективен и брз во одговорите, соопштувбаат од АХВ.

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

До Собранието сеуште не е пристигнат предлог за нов гувернер рече денеска собранискиот спикер Африм Гаши на брифингот со новинарите. 

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

Но, како што појасни станува збор за одлука која може веднаш да се изгласа, па оттука доколку пристигне на почетокот на идната недела точката ќе може веднаш да биде ставена на дневен ред, со што би се запазиле роковите.

„Се работи за одлука која може веднаш да се изгласа, значи ако дојде до 20ти – 19ти можеме таа одлука седницата да ја надополниме со таа точка....Се уште немаме најава и предлог. Штом ќе имаме прво ќе бидете известени а потоа ќе пристапиме и кон одлука во пленумот...“- изјави Африм Гаши – претседател на Собарние.

Имиња официјално и натаму не се откриваат но во јавноста за иден гуверен се споменуваат актуеланата Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, неговиот претходник и актуелен претседател на Советот на град Скопје Трајко Славески, понарешанта вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, и универзитетскиот професор Борче Треновски. На што денеска преку соопштение реагираа од опозициската ДУИ. Велат во потесниот круг каде се четвроица кандидати, нема ниту еден Албанец, што според нив, не го одразувало мултиетничкиот карактер на државата.

„Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.“ , се вели во партиското соопштение.

7 годишниот мандат на актуелната истекува на 22 ти мај, според најавите за нов гувернер ќе се гласа во вторник идната недела. Вчера премиерот Мицкоски рече дека сите кандидати кои се разгледуваат се вонсериски искусни и дека е убеден дека кој и да седне на столчето во НБРМ ќе ја оддржи макроекономската стабилност.

Во случај да не се запазат роковите, од Народната банка велат, согласно законот, гувернерот и по истекот на мандатот до именување на нов ги има истите овластувања, па оттука нема простор за загриженост дека би се довела во прашање работењето на институцијата.

YouTube video

притисни ентер