Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
1Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
РакометПобедничко деби на ракометарките на Вардар СЦБТ во Лигата на шампионкитеРакометарките на Вардар од гостувањето во Сан Себастијан во Шпанија се враќаат со премиерен триумф во Лигата на шампионките.Вардарки како гостинки го совладаа домашниот Бера Бера со 23-19. Избраничките на Кастратовиќ на гостувањето во Шпанија го покажаа својот квалитет и очекувано ја остварија првата победа во дебитанскиот натпревар во групата Д од Лигата на шампионките. Бера Бера попладнево беше само достоен противник на нашиот шампион. Андреа Лекиќ со 6 голови го водеше Вардар со сигурен триумф над Бера Бера. Расположени за игра во Сан Себастијан беа и Радичевиќ и Кмирова кои по 4 пати го совладаа противничкиот голман. Со оваа победа Вардар СЦБТ потврди дека иако е дебитант во елитното друштво има амбиции за влез во осминафиналето . Вардарки немаа време за прослава на дебитанскиот успех во елитната шампионска лига бидејќи веќе в петок на домашен терен во Борис Трајковски ќе го нагостат фаворизираниот Ларвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај БланарПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми. За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство. Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи. Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата. Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите. Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ. Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс. „Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ. Најава за затворање по само една година Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.Тагови: Пинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале. Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена. Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла. Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена. „ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата. Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили. ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter