Победи за Шведска и Франција на Европското првенство во ракомет за жени - Канал 5

Победи за Шведска и Франција на Европското првенство во ракомет за жени

Репрезентациите на Шведска и на Франција постигнаа победи на денешните први натпревари од 3.коло во групите на Европското првенство во ракомет за жени.

Победи за Шведска и Франција на Европското првенство во ракомет за жени

Шведска во Вараждин ја победи Германија со 39:32 и се наоѓа на првата позиција во групата Ц. Во зависност од исходот на натпреварот што е во тек меѓу кодомаќинот Хрватска и Холандија ќе се знаат позициите во оваа група. На Холндија и е потрбна победа со повеќе од шест голви за да го освои првото место.

Во директниот дуел за првата позиција во групата Д во Осиек Франција го победи европскиот шампион Црна Гора со 24:20. Франција е прва во групата со 6 бодови, а Црна Гора остана со 4. Во овие моменти се игра дуелот за третото место меѓу Србија и Словачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити.

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски.

Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити.

Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата центар.

Работат „под радарот“, како што кажаа и јавно.

Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се повлече од дневен ред.

Но тоа не значи дека власта се откажала од идејата.

Затоа повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити.

Да се богатат блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните.

На крајот кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки.

Кој ќе нема вода? Граѓаните.

Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува.

СДСМ е прва која јасно се спротивстави на ставањето на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта.

Грабежот мора да се прекине додека не е доцна, да се спаси водата и струјата.

Ги повикуваме сите советници во Советите ширум државата да се обединат и да спречиме водата и струјата да падне во раце на профитери на грбот на народот.

Мораме да го запреме ова зло што ни се подготвува. Можеме само сите заедно.

Да покажеме дека во вакви моменти можеме да бидеме сложни.

Кога веќе ги немаме механизмите на власта, можеме да имаме граѓански отпор – отпор кон оваа криминална власт.

Ако денес не го направиме тоа, утре ќе биде доцна.

Ги повикувам и сите граѓани. Мораме да ги запреме дата-центарите.

Венко Филипче, претседател на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина.

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од лансирањето на ракетата „Патриот ПАК-3“ (Patriot PAC-3), влеваат надеж дека е можно да се заштитат животи од суровите напади на Русија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил „топла и срдечна честитка“ од американскиот претседател Доналд Трамп по повод 35-годишнината од обновувањето на независноста на Украина.

- Почитуван господине претседателе: Во име на американскиот народ, Ви честитам Вам и на граѓаните на Украина за Денот на независноста. 24 август е денот кога го славиме нашето трајно пријателство изградено врз 35 години дипломатски односи – врска што дополнително се продлабочи откако Украина се здоби со независност.

Изградивте одлична земја со храбри, смели и талентирани луѓе. И додека го одбележувате овој значаен настан, знајте дека Соединетите Држави му се восхитуваат на вашиот непоколеблив дух, ги почитуваат вашите жртви и остануваат уверени во вашата иднина како суверена и просперитетна нација. Да го искористиме овој момент за да ставиме крај на конфликтот и да изградиме траен мир, кој ќе го ослободи огромниот потенцијал на Украина за идните генерации. Со почит, Доналд Џ. Трамп – ова стои во честитката од шефот на Белата куќа, која Зеленски ја објави на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Зеленски исто така даде коментар за честитката, во кој му порача на Трамп дека таа му е подеднакво важна како и ракетите за американските системи за противвоздушна одбрана (ПВО) „Патриот“ – едни од ретките во светот способни да соборуваат руски балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи

Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година,  ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување.

ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи

Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во Шифрарникот на лекови, а договорните аптеки се известени за новиот начин на издавање.

Со тоа, од утре пациентите повеќе нема да доплаќаат 615 денари за Myfortic од 180 mg и 1.439 денари за Myfortic од 360 mg.

Станува збор за терапија од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, која се користи долгорочно и за која континуираната достапност е од исклучителна важност.

Фондот реагираше откако беше известен дека алтернативните лекови без доплата во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Наместо финансискиот товар од таквата состојба да падне врз пациентите, беше обезбедено решение со кое достапниот оригинаторен лек Myfortic се обезбедува без доплата.

По иницијатива на директорот на Фондот, м-р Златко Перински, ова прашање беше поставено меѓу приоритетите, а во координација со Министерството за здравство и стручните служби на Фондот, решението е спроведено во целост и веќе може да се применува во аптеките.

Придобивката е двојна – пациентите добиваат континуирана терапија без дополнителен трошок, а истовремено се зачувува ефектот од претходно постигнатото намалување на цената на лекот.

Цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари. Благодарение на намалените цени, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари.

Ова е конкретен пример како рационалното управување со средствата од здравствениот буџет може истовремено да донесе поголема заштита за пациентите: терапија без доплата за осигурениците и понизок трошок за Фондот.

Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ги следи состојбите на пазарот и да реагира таму каде што е потребно, со цел придобивките од Позитивната листа и конкуренцијата меѓу лековите да стигнат таму каде што се најважни – директно до пациентите.

Со почит,

ФЗОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер