Победи за македонските шахисти и шахистки на Олимпијадата во Баку - Канал 5

Победи за македонските шахисти и шахистки на Олимпијадата во Баку

Македонската шаховска репрезентација во мечот од 3.коло на шаховската Олимпијада во Баку забележа победа од 3-1 против селекцијата на Пакистан.

Победи за македонските шахисти и шахистки на Олимпијадата во Баку
Победи за Македонија постигнаа Филип Панчевски и Александар Чоловиќ на првите две табли, додека реми одиграа Никола Николовски и Тони Лазов.

Македонскиот тим по три кола има две победи и еден пораз и се наоѓа на 76.место.

Женската репрезентација ја постигна првата победа откако со максимални 4-0 ја совлада селекцијата на Судан. Победите ги извојуваа: Моника Стоилковска, Бојана Бејатовиќ, Драгана Николовска и Ивана Манова.

Женската репрезентација по три рунди е има по една победа, еден нерешен резултат и еден пораз и со три бода се наоѓа на 73.место.

Во 4.коло мажите ќе играат против Колумбија, а жените за противник ја имаат селекцијата на Хрватска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа за Баерн. Хари Кејн е сериозно повреден и нема да игра со месеци

Голем шок за германскиот фудбалски шампион  Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.

Катастрофа за Баерн. Хари Кејн е сериозно повреден и нема да игра со месеци

Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест.

Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава.

„Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци.

Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд.

Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф.

По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата.

Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Според најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.

Без струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Катланово

Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации.

Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови.

Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“.

Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Животот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. 

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат.

Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно.

Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните.

Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата.

Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот.

Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери.

Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат.

Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери.

Скопје, 21.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер