САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните постројки
1САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните постројки
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
НБАПобеди за фаворитите на ноќешните НБА натпревариНа четирите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник победи остварија екипите кои важеа за фаворити. Постигнати резултати: Атланта – Сакраменто 106:95, Бруклин – Чикаго 88:118, Торонто – Денвер 105:102, ЛА Клиперс – Феникс 116:98. За ЛА Клиперс, Атланта и Чикаго ова беа трети победи од исто толку натпревари во новата сезона, додека Торонто втор пат триумфира. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГГраѓаните веќе со месеци со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од Мицкоски за намалување на цените. Искуството покажува дека секоја таква најава на крајот резултира со ново поскапување. Последниот пример со горивата е уште една потврда за ова правило. Само по најавата дека Владата презела „нови мерки“ за намалување акцизи, за наводно намалување на цените на горивата, дојде до нов значителен скок. Ова е директна последица на економската политика која ја води оваа влада. Владата на ВМРО-ОКГ нема контрола врз економските текови и нема сериозна стратегија за заштита на стандардот на граѓаните. Наместо структурни мерки, се применуваат краткорочни и неефикасни интервенции кои брзо се покажуваат како неуспешни. Резултатот е постојан раст на цените на основните производи и услуги, додека реалниот доход на граѓаните стагнира или опаѓа. Министерката за финансии самата призна дека без ребаланс веќе би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на плати и пензии. Ова покажува колку е кревка и нестабилна буџетската состојба, и колку малку простор има Владата за какви било економски интервенции. Податоците се јасни. Од доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, странските директни инвестиции се намалени за над 60%. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за помалку од две години, при што најголем дел од овие средства не се насочени кон продуктивни инвестиции, туку кон тековно трошење. Потрошувачката кошничка продолжува да расте и изнесува речиси 70 илјади денари, а минималната плата остана без реално зголемување кое би го следело растот на цените. Новото поскапување на горивата ќе има директен ефект врз сите други цени во економијата - транспортот, производството и дистрибуцијата на стоки ќе поскапат, што ќе предизвика нов притисок врз инфлацијата. Економската политика на ВМРО-ОКГ се покажува како неуспешна на сите нивоа. Наместо да се создаваат услови за раст и инвестиции, се генерира несигурност, поскапувања и дополнително задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената на оваа политика преку повисоки трошоци за живот и намалени економски можности. Без сериозни структурни реформи и без одговорна буџетска политика, Македонија ќе продолжи да се соочува со стагнација и пад на животниот стандард. Новото поскапување на горивата е уште еден показател дека економската политика на оваа влада не функционира. Скопје, 22.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Култура„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“ за љубителите на балетот„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на виртуозната музика, кореографот Александар Илиќ гради нова кореографска динамика во која силата и емоцијата се испреплетуваат во моќен сценски израз. „Болеро“, едно од најпрепознатливите музички дела на 20 век, во визијата на Илиќ станува хипнотички танцов спектакл. Постепеното интензивирање на ритамот и енергијата, која ја карактеризира композицијата на Равел, преточено е во кореографија со постојана напнатост, повторување и незапирлив раст на драматичноста. Насловната улога на Кармен ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера, улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов, улогата на Ескамиљо ја игра Тома Крижнар, улогата на Цунига ја игра Никола Бјанко и улогата на Судбината ја игра Феодора Грујиќ. Во „Болеро“ главен солист е Огнен Вучиниќ заедно со Катарина Буќиќ, Јована Грујиќ, Владимир Чубрило, Катарина Илијашевиќ и ансамбл од играчи.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молкВалбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори. Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е? Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат. Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации. Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook