Победи за европскиот првак Франција и за Данска - Канал 5

Победи за европскиот првак Франција и за Данска

Финалистите од последното Европско првенство во ракомет селекциите на Франција и на Данска со победи ги почнаа квалификациите за ЕП во 2016 година.

Победи за европскиот првак Франција и за Данска
Европскиот првак Франција, кој се наоѓа во групата со Македонија синоќа во Шамбери ја победи Чешка со 41:25 (20:12). Во селекцијата на Франција сите ракометари се запишаа во листата на стрелци, а најпрецизен со 7 голови беше Жулиом Жоли, додека најефикасен на дуелот беше Чехот Петр Линхарт со 8 голови.

Данска на домашен терен ја победи Литванија со 31:21 и на другите два натпревара што се одиграа вчера победија фаворитите, кои беа и домаќини. Хрватска беше убедлива против Холандија со 35:24, а Шведска ја совлада Летонија со 33:23.

Натпреварите од второто коло од квалификациите во седумте групи ќе се игра во деновите од викендот (сабота-недела). Македонија во недела гостува кај Чешка во Злин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж – нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контрола

По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж.

Тренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж – нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контрола

Сака шверцерскиот да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето.

Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во избирачкиот список и идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака за околу 200.000 потенцијални гласачи во дијаспората да нема исти правила и да нема никаква контрола.

Без да се гарантира дека гласот е даден лично, со можности за злоупотреби од ВМРО, со притисок, со присуство на други лица и злоупотреба на идентитетот на гласачот.

Да не може да се гарантира ниту дека е почитувано основното демократско право – тајното и слободно гласање.

Ова го предлага ВМРО партијата која има најтешко наследство кога станува збор за изборни злоупотреби.

Денес, кога поддршката на власта опаѓа, оправдано се поставува прашањето дали Мицкоски повторно се обидува изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку неконтролиран систем на електронско гласање.

Дополнително, нема никаква причина ова решение да се носи набрзина. Предвидено е да почне да се применува дури од 2029 година. Имаше доволно време Владата да го повлече предлогот, да отвори вистинска јавна дебата и да обезбеди политички консензус за изборни правила што ќе имаат доверба кај сите.

Но, власта го одби и тој разумен предлог.

Кога Мицкоски одбива да прифати основен принцип тогаш сосема е јасно дека неговата цел е изборни манипулации и злоупотреби.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж.

Со 10.000 амандмани ќе ги искористиме сите демократски и парламентарни механизми за да го спречиме овој опасен обид за поткопување на изборниот процес.

Нема да дозволиме да се отвори простор за манипулација со десетици илјади гласови без соодветна контрола.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка

YouTube video

Одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ

СДСМ уште пред неколку месеци најави дека Мицкоски прави платформа за слабеење на партијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред неколку месеци јавно кажа дека се формира некаква платформа, која што во услови кога гласовите на ВМРО се губат, Христијан Мицкоски, формира некаква нова платформа, сè со цел да ја ослабне опозицијата.

Сè она што треба да се каже, а се однесува на СДСМ од сите членови на СДСМ, треба да се каже внатре, во рамки на партијата.

Секој има можност, секој има право да ги каже своите забелешки, меѓутоа во рамки на органите и телата во партијата, и впрочем и затоа и Фронтот за правда и вистина, околу кој се голем број интелектуалци, голем број граѓански организации и граѓани, кои што сè она што е забелешка го кажуваат внатре, во рамки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојковска: Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Бојковска: Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати.

Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати.

Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок.

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Тоа се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се средства кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред.

Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните.

Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува темелите на модерна дигитална држава, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисот. Оваа динамика продолжува и годинава. Ќе бидат донесени и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда, со цел Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведување на реформите.

Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните.

Тоа е суштината на реформите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да работи на целосно спроведување на Реформската агенда, на развој на дигитализацијата и на нејзиното вклучување во сите области од општеството.

Македонија мора да биде држава која не ги оптоварува граѓаните, туку им го олеснува секојдневието.

Македонија забрзува.

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Англиските фудбалери со своите семејства ја прославија победата над ДР Конго

Неверојатниот Хари Кејн ја спаси Англија со два гола против Конго, испраќајќи ја екипата во осминафиналето на Светското првенство.

Фото: Англиските фудбалери со своите семејства ја прославија победата над ДР Конго

Во неизвесен натпревар одигран во среда во Атланта, Англија се врати во негатива и ја победи ДР Конго со 2-1, а капитенот го прослави големиот успех со својата сопруга, Кејт, и нивните деца веднаш по последниот свиреж.

Семејна поддршка од трибините Избраниците на Томас Тухел уживаа силна поддршка од своите семејства и партнери во текот на нивното патување низ Америка досега, а среда не беше исклучок.

Откако ја обезбеди победата, Кејн се упати кон трибините, каде што неговите најблиски го чекаа да го поздрават.

Девојката на Џуд Белингем, Ешлин Кастро, беше забележана на трибините на стадионот во Атланта заедно со сопругата на Хари Кејн, Кејт.

Посебно внимание привлече Меган, партнерката на голманот Џордан Пикфорд; таа го носеше неговиот зелен дрес за да му даде поддршка и мавташе кон теренот.

Видливо вознемирена поради тоа што Англија губеше, во еден момент беше дури и снимена како се моли.

Сопругата на Оли Воткинс, Ели, исто така има свои мали ритуали – таа на стадионот носи послужавник со „пилешки медалјони за среќа“.

Таа ја јадела истата ужина и на натпреварот против Панама во Њујорк, а во средата на Инстаграм ја покажа својата порција пилешко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер