25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
125 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
НБАПобеди за домашните екипи на двете ноќешни НБА средби Во најсилната кошаркарска лига на светот - НБА, ноќеска на програмата беа два натпревара во кои победи забележаа екипите домаќини. Оклахома Сити со 105:91 го совлада Лос Анџелес Клиперс добивајќи ги сите четвртини (28:22, 23:21, 30:29 и 24:19).Ова беше осма победа за Оклахома, а петти пораз за ЛА Клиперс. И Денвер ја искористи предноста што ја носи домашниот терен на дуелот против Чикаго. Победникот на овој дуел беше решен во третиот период во кој „Нагетс“ постигнаа 20, а примија само 14 поени. Конечниот резултат е 97:87. Дерек Роуз од Чикаго имаше 19 реализации и беше најефикасен на теренот, но тоа не му помогна на Чикаго да го избегне четвртиот сезонски пораз. Вечерва играат: ЛА Лејкерс - Голден Стејт, Портланд - Чикаго, Далас - Јута, Њу Орлеанс - Кливленд, Минесота - Бруклин, Мемфис - Сан Антонио, Детроит - Атланта, Бостон - Индијана, Торонто - Вашингтон, Филаделфија - Милвоки и Шарлот - Феникс. Табела Источна конеференција: Индијана 10-1 (победи-порази), Мајами 9-3, Чикаго 6-4, Атланта 7-5, Шарлот 6-6,... Табела Западна конференција: Сан Антонио 10-1, Портланд 10-2, Оклахома Сити 8-3, Голден Стејт 8-4, Далас 8-4,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВидео: Прва кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!Кошаркарката Кејла Мекбрајд им приреди спектакуларна вечер на навивачите на „Минесота Линкс“ во женската НБА лига.Искусната кошаркарка која игра на бековската позиција постави нов рекорд во WNBA за најмногу постигнати тројки на еден натпревар, погодувајќи 10 тројки во победата од 103-90 над „Далас Вингс“. Мекбрајд погоди 10 од 14 обиди од линијата за три поени (од оддалеченост од 7,24 метри) и го заврши натпреварот со рекордни 43 поени во кариерата. Историската, десетта тројка беше постигната на 2 минути и 23 секунди пред крајот, со што ѝ донесе на Минесота водство од 98-83. Кога го напушти теренот нешто повеќе од една минута подоцна, таа беше испратена со аплауз од преполниот „Таргет центар“. „Минеаполис стана мој дом и сакам да го дадам најдоброто од себе. Без разлика дали топката ќе влезе во кошот или не, чувствувам голема љубов. Токму затоа можам да излезам на теренот и да бидам она што сум. Ја сакам оваа игра и сакам да победувам“, рече Мекбрајд. Претходниот рекорд изнесуваше девет постигнати тројки на еден натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите. По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите - искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само. И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме. Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства. Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце. „За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија. Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина. Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само. Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на: https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter