Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
1Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
2Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
3Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
ФудбалПобеди за Аргентина и за Чиле на Копа АмерикаРепрезентациите на Аргентина и на Чиле остварија победи на ноќеска одиграните натпревари од Копа Америка. Во рамките на 3.коло од групата Д Аргентина ја совлада Боливија со 3:0, додека Чиле беше подобар во директниот дуел за четвртфиналето од Панама со 4:2. Аргентина со максимални 9 бодови го освои првото место во групата, пред Чиле со 6, додека Панама освои 3, а Боливија остана без бод. Според тоа двојките од четвртфиналето се: САД – Еквадор (играат на 16.јуни), Перу – Колумбија (17.јуни), Аргентина – Венецуела (18.јуни) и Мексико – Чиле (18.јуни). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизЛени Кравиц се огласи по шпекулациите дека загинал во авионската несреќа во Флорида Лени Кравиц се огласи откако на интернет почнаа да кружат приказни за неговата наводна смрт во Флорида.Социјалните медиуми беа преплавени со вести дека легендарниот музичар Лени Кравиц наводно е меѓу жртвите на авионската несреќа што се случи во неделата во Флорида. Сепак, се покажа дека станува збор за неточна информација, што неговите претставници брзо ја негираа. Падот на приватниот авион „Лирџет“ ги уби сите девет лица во авионот. По трагедијата се појавија тврдења дека познатиот рок-музичар бил меѓу патниците, што предизвика голема загриженост кај неговите обожаватели. Публицистот на Кравиц реагираше на овие обвинувања и јасно стави до знаење дека пејачот не бил во авионот. - Извештаите се невистинити и неточни - изјави неговиот портпарол за порталот „BocaNewsNow“ во неделата вечерта. Гласината беше поттикната од објава на социјалната мрежа X, која сподели наводна снимка од екранот од порака од пилотката Емили Шелтон (21). Содржината на контроверзната објава сугерираше дека таа ќе пилотира авион во кој ќе го носи Лени Кравиц, на патување од Остин, Тексас, до Бахамите. Објавата дури спомена и една од неговите познати песни. - Многу ми е чест што утре летам со едниот и единствен Лени Кравиц, од аеродромот во Остин до аеродром на Бахамите. Со нетрпение очекувам да го угостам во авионот. Песната „It Ain't Over 'Til It's Over“ ќе се свири во пилотската кабина - рече таа во објавата. Сепак, набрзо беше потврдено дека Емили Шелтон не го пилотирала авионот што се урна. Емили се огласи на TikTok за да спречи понатамошно ширење на дезинформации и да негира каква било поврзаност со несреќата. „Неодамна дознав дека кружат гласини дека јас сум пилот на авионот што неодамна се урна во Палм Бич. Сакам со почит да разјаснам дека не бев јас. Ги молам луѓето да престанат да шпекулираат и да шират дезинформации за оваа трагедија и да покажат почит кон сите вклучени. Моите мисли се со сите оние што ги загубија своите животи, како и со нивните семејства и сите оние што беа погодени од оваа трагедија“, напиша таа на TikTok. Што се случи? Дополнително на конфузијата беше информацијата дека млада жена што работеше како пилот е меѓу загинатите. Според „Њујорк пост“, во авионот била 20-годишната Наталија Гаделха Филгеирас, која ја добила пилотската дозвола додека сè уште била во средно училиште. Таа била копилот. Според АП, авионот се урнал во станбена област во округот Палм Бич во јужна Флорида, недалеку од прометен автопат. Авионот претходно изгубил висина и се урнал со голема брзина во станбена област. Истрагата за околностите на несреќата ја води Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), со поддршка од Федералната администрација за воздухопловство (FAA).Тагови: Лени Кравиц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитетиДенеска имавме исклучително успешен ден.„Добра вечер повторно од Диселдорф. Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија. Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка. Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем. Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија. Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица. Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места. Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“. „Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп. Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание. „Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој. NEW: President Trump has one final message for voters as they head to the polls: "We have to keep America great." Speaking on @foxandfriends, Trump says the U.S. has gone from being what he calls a "laughingstock" to the "hottest country in the world." "They thought we were fools. And we're hot now. We're the hottest country in the world where respected by everybody." Stay with Fox News Channel for the latest on the midterms. — Fox News (@FoxNews) November 3, 2026 Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter