3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
НБАПобеди со пресврт за Голден Стејт и МајамиВо НБА лигата ноќеска се одиграа пет натпревари, а екипите на Голден Стејт и на Мајами до триумф стигнаа откако имаа и висока двоцифрена негатива.Голден Стејт на полувремето кај Бруклин губеше со 16 разлика (49:65), но во вториот дел прими само 36 поени и дуелот го доби со 16 разлика (117:101). Мајами на почетокот на вториот период, дома имаше негатива од 19 поени против ЛА Лејкерс (23:42), а на крајот се радуваше на триумф од 8 поени (115:107). Резултати на ноќеска одиграните натпревари: ЛА Клиперс – Сан Антонио 106:101, Мајами – ЛА Лејкерс 115:107, Њујорк – Орландо 106:95, Бруклин – Голден Стејт 101:117 и Индијана – Бостон 102:109. Палсман Источна конференција: Кливленд 21-6 (победи - порази), Торонто 20-8, Бостон 17-12, Шарлот 16-13, Њујорк 16-13, Чикаго 14-14, Индијана 15-16, Атланта 14-15,... Пласман Западна конференција: Голден Стејт 26-4, Сан Антонио 23-6, ЛА Клиперс 22-8, Хјустон 22-8, Мемфис 19-12, Јута 18-12, Оклахома Сити 17-12, Портланд 13-18,... /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНајтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm. Рекорди се уриваат! Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми. Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук. Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри. Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф. Ништо без виљушкар На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства. Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви. Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми. За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.Тагови: тиква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter