Победи на водечките екипи во Евролигата - Канал 5

Победи на водечките екипи во Евролигата

Водечкиот тандем во кошаркарската Евролига, ЦСКА Москва и Олимпијакос забележаа победи во натпреварите од 14.коло.

Победи на водечките екипи во Евролигата
Екипата на ЦСКА Москва го доби руското дерби против московскиот ривал Химки со 79-68.
Најефикасен во победничката екипа беше Кори Гигинс со 26, додека Никита Курбанов постигна 18 поени. Кај гостите најмногу поени - 16 постигна Алексеј Швед.
За ЦСКА ова е единаесетта победа, по која московскиот тим ќе остане на врвот на табелата, со ист учинок (11 победи – 3 порази) како и второ пласираниот Олимпијакос кој вечерва на гостувањето во Истанбул го победи Анадолу Ефес со 61-58.
Вечерва ќе се играат последните две средби од ова коло во кои Басконија е домаќин на Барселона, а Уникаха го пречекува Армани Милано./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје!

Невремето се движи од запад кон исток!

УХМР: Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје!

Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во Скопје! Врнежи има и во северозападните и централните делови на Македонија! Невремето се движи од запад кон исток!

Претходно од УХМР соопштија дека има поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со надзорни камери против вандалите на детските игралишта

Видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите низ Општина Аеродром – најавува градоначалникот Деан Митевски. 

Со надзорни камери против вандалите на детските игралишта

По низата случаи на вандализам и оштетување на јавниот имот, општината започнува постапка за поставување на надзорни камери. Советот на Општина Аеродром веќе даде зелено светло за старт на процедурите, а градоначалникот Митевски вели дека иако процесот е сложен, очекува до крајот на годината да биде распишан тендер за набавка на опремата. Претходно ќе се направи анализа на сите детски и спортски игралишта и паркови за да се утврди колку камери ќе бидат потребни и колкава ќе биде вредноста на проектот. Особено внимание, како што посочува Митевски, ќе се посвети на почитувањето на одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока кажа дека веќе биле остварени и работни средби со претставници на надлежните институции..

-Ова е една коплексна постапка имајки ги предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци, па мораме да бидеме многу внимателни, меѓутоа се одлучивме да ја спроведеме без оглед на комплексноста, бидејки како општина навистина трошиме многу средства за одржување на детските и спортските игралишта, најчесто поради уништување од страна на вандали. Лица од општина Аеродром остварија средба со претставници од Агенцијата за заштита на лични податоци и добивме напатствија од нивна страна како треба да ја спроведеме постапката за да можеме на крај да ги испочитуваме одредбите од Законот и тоа да биде фукционално. - Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром

Последниот случај на вандализам беше регистриран пред 2 дена во Кисела Вода, каде непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на детско игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, правејќи го просторот неупотреблив и небезбеден за користење. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска најави дека општината ќе ја разгледува можноста за поставување видеонадзор и на детските игралишта и другите јавни површини.

Пред еден месец ваква најава имаше и од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. И тој посочи дека станува збор за сложена постапка, но дека, со целосно почитување на законските процедури, снимките од видеонадзорот би можеле да се користат како доказ во кривични или прекршочни постапки, но исклучиво по налог на надлежните институции.

Меѓу првите општини со ваква идеја пред две години беше општина Центар, но камерите до овој момент не се поставени.. Од градоначалникот Горан Герасимовски не добивме одговор до каде е постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Галичка свадба 2026 - Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаи

Во раскошни мијачки носии и според обичаите кои со генерации се пренесуваат, Александар Пендароски и Мартина Михајлова ја крунисаа својата љубов, станувајќи дел од вековната приказна на Галичката свадба. 

Галичка свадба 2026 -  Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаи

Но, нивната свадба годинава не е само продолжение на традицијата, таа е и продолжение на посебна семејна приказна. Пред точно 35 години, на првата современа Галичка свадба, судбоносното „да“ го кажале и родителите на младоженецот. Денес, истата чест му припадна и нему, правејќи ја оваа свадба единствена по својата симболика. Тесните галички сокаци беа исполнети со бројни посетители, домашни и странски, кои имаа можност да бидат дел од овој посебен ден. Атмосферата и чувството да се присуствува на Галичката свадба го опишаа како незаборавно и прекрасно искуство.

Главните свадбарски обичаи започнаа уште во раните утрински часови. Според вековната традиција, меѓу обичаите се бричењето на зетот, гледањето низ прстен, но и одењето по вода од трите галички чешми. Откако невестата ја напушта родната куќа, свадбената поворка, придружена од звуците на зурлите и тапаните, минува низ преполните галички сокаци.. Младенците судбоносното „да“ го кажаа во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, а веселбата продолжи со изведба на мијачки песни и традиционална музика, со кои и годинава беше заокружена една од најпрепознатливите македонски традиции. Токму еден од највпечатливите моменти е изведбата на традиционалните македонски ора по венчавањето.

Младенците се закитија и со бројни дарови, меѓу кои и пафта со мотив од Галичник од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова...

Галичката свадба се одржува секое лето и претставува една од најзначајните културни манифестации во земјава, која повеќе од шест децении го зачувува автентичниот свадбениот обред, песните, ората и носиите на Мијаците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер