Победа за европскиот првак Флензбург - Канал 5

Победа за европскиот првак Флензбург

Ракометарите на европскиот шампион Флензбург синоќа постигнаа тешка победа на гостувањето кај шведската екипа Алигсас со 27:22 и со тоа го задржаа третото место на табелата во Б групата од Лигата на шампионите.

Победа за европскиот првак Флензбург
На вториот натпревар одигран синоќа од 8-то коло, Кадетен Шафхаузен и Алборг одиграа нерешено 25:25 и само ја зголемија неизвесноста во Д групата, кои две екипи покрај Киелце и ПИК Сегед ќе се пласираат во осминафиналето.

Во средата се одигра првиот натпревар од оваа рунда Ла Риоха – Кил 30:34.

Македонските екипи Вардар против Чеховски Медведи и Металург против Мешков Брест натпреварите ги играат утре.

Двојки и резултати од 8.коло:

А група: Металург – Мешков Брест, ППД Загреб – ПСЖ, Ла Риоха – Кил 30:34.
Табела: Кил 14 бодови, ПСЖ 10, Ла Риоха 7, ППД Загреб 6, Мешков Брест 5, Металург 2.

Б група: Висла – Барселона, Колдинг – Бешикташ, Алигсас – Флензбург 22:27.
Табела: Барселона 13, Колдинг 10, Флензбург 10, Висла 7, Бешикташ 2, Алингсас 2.

Ц група: Чеховски Медведи – Вардар, Целје – Монпеље, Рајн Некар Ловен – Веспрем.

Табела: Веспрем 14, Вардар 9, Рајн Некар Ловен 8, Монпеље 6, Целје 4, Чеховски Медведи 1.

Д група: Данкерк – Мотор, ПИК Сегед – Киелце, Кадетен Шафхаузен – Алборг 25:25.

Табела: Киелце 14, Висла 12, Алборг 6, Мотор 4, Данкерк 4, Кадетен Шафхаузен 4. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. 

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата.

Јанша зборуваше за „изгубените можности“

Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности.

„Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили.

Претседателот и опозицијата не дојдоа

Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер