РакометПобеда на Металург на почетокот на 41. Меѓународен ракометен турнир Струга 2013Со натпреварот меѓу минатогодишниот победник Металург и домаќинот Струга вечерва на отвореното игралиште „Женска плажа“ почна 41. Меѓународен ракометен турнир Струга 2013. Како што јави МИА, турнирот за отворен го прогласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски. Со убедлива победа од 30-14 (13-8) над домаќинот Струга, Металург ја почна одбраната на трофејот. Во тек е дуелот меѓу македонскиот и романскиот шампион Вардар и Констанца, по што следува натпреварот Брест Месков од Белорусија и францускиот тим Версај. Утре ќе се одиграат натпреварите меѓу Иври - Констанца (18:45 часот), Металург – Брест Мешков (20:30 часот) и Струга – Версај (22 часот). Во петок, на 16 август ќе играат екипите на Вардар – Иври (18:45), Металург – Версај (20:30) и Струга – Брест Мешков (22:00). Последниот ден од турнирот се предвидени натпреварите за пласман. Финалниот натпревар е закажан за сабота во 21 часот. Струшкиот ракометен турнир е една од најзначајните македонски спортски манифестации која, според најавите на организаторите, во иднина треба да прерасне во еден од најсилните клупски собири во Европа. За следната сезона се планира учество и на хрватскиот шампион Загреб КО, како и на по една екипа од Германија и од Унгарија со што турнирот во Струга би добил крајно квалитетен европски изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСамит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусотСо потпишување на договори вредни 40 милијарди долари посветени, пред се, за набавка и развој на системи за противвоздушна одбрана и посебен акцент на заштитата од беспилотни летала, во Анкара почна дводневниот самиот на НАТО. Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е на чекор кон трансатлантска одбранбена револуција, чија цел како што нагласи е колективната безбедност на земјите-членки. На овој начин според него, НАТО сака да го засили европското производство на оружје, да ја забрза испораката на воена опрема и да ја зацврсти одбранбената индустриска соработка меѓу Европа и северна Америка. -Денеска, ние сме на чекор кон трансатлантска одбранбена индустриска револуција. Ве повикувам да направите скок и да им покажеме на нашите луѓе дека сме подготвени и способни да ги одбраниме секаде и во секое време, и да и покажеме на Русија и на сите тие кои гледаат денес дека трансатлантската одбранбена индустриска база се мобилизира со цел. Не во знак на гнев, туку за нашата колективна безбедност,- - Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО. Македонската делегација на самитот ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, а со неа се шефот на дипломатијата Муцунски и министерот за одбрана Мисајловски кој на социјалните мрежи информираше дека потпишал заедничко писмо за намери за приклучување кон мултинационалната соработка за обука за летање во Европа. Попладнево во турската престолнина пристигна и американскиот претседател Трамп кој според најавите доаѓа со делегација од околу 1.400 лица. Очекувањата се Трамп во Анкара да ја отвори темата за финансирањето на алијансата, состојбата со Ормускиот теснец и војната во Украина. Токму на таа тема, генералниот секретар на НАТО Руте и украинскиот претседател Зеленски кој е присутен на самитот, побараа зголемен притисок кон Русија. -Кога ги набројувам сите проблеми со кои Русија се соочува, еден од најважните е тоа што им го правите на нивната економија која е во многу лоша состојба во Русија. Можеби една порака која би ја повторил, ако сте млад човек во Русија денеска и размислувате да се придружите на војската, вие може да сте еден од тие 30 илјади кои загинуваат овој месец, следниот месец и тој потоа, знаете дека вашиот претседател во Русија, Владимир Путин е подготвен да ве жртвува,- - Марк Руте – Генерален Секретар на НАТО. -Ја гледаме слабоста на Русија, ја чувствуваме, но тоа не е доволно. Потребен ни е поголем притисок, повеќе балистички ракети и повеќе санкции кон Русија,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина. Во завршната декларација по самитот, според најавите се очекува Русија да биде означена како долгорочна закана за евроатлантската безбедност и стабилност, како и повторената заложба дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. Дополнително, се очекува да биде упатен и повик до Техеран да ја почитува слободата на пловидба низ Ормускиот теснец.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаКос: Доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес во преговорите за пристапувањеВо пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување.Во пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување кое е високо на агендата на Брисел, но дека напредокот на Македонија зависи од исполнувањето на преземените обврски. Во интервју за МИА, Кос ја пофали земјава за спроведувањето ан реформската агенда но и порачува дека истата решителност е потребна за пристапните преговори. - Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување. - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. Како примери за исполнети обврски таа ги посочува Албанија и Црна Гора, но и додава дека оние што не ги исполнуваат обврските заостануваат, одговарајќи на прашањето дали има предви нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција. Довербата меѓу земјите кандидати и членките на Унијата е клучно за напредок во преговорите, вели Кос, укажувајќи на добрососедските односи. Но и посочува дека нема случај на давање гаранции на земја кандидат дека нема да се појави друг спор додека траат преговорите. -Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување,- - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. За време на посетата на земјава, Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Во фокусот на разговорите ќе биде патот на земјата кон ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан Тагови: Марта Кос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законикСекоја партија со свoj услов за Изборниот законик, консензусот се понедостижен по денешната средба во Собранието која кратко траеше. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе прифатат сѐ што ќе се договорат опозициските партии за изборниот законик, а единствен нивен услов е дијаспората да може да гласа. Пратеникот Бојан Стојаноски ги повика СДСМ, ДУИ, Левица и другите опозициски партии меѓусебно да постигнат договор за четири клучни прашања – една изборна единица, моделот на финансирање, поплаките и начинот на нивно разгледување, како и моделот за гласање на дијаспората, а ВМРО-ДПМНЕ, како што рече ќе даде бланко поддршка. Координаторот на ПГ на СДСМ Оливер Спасовски денеска не одговараше на повиците и пораките од новинарите, за нивниот став за средбата и повикот од власта. Од неговата партија преку соопштение утринава повторија дека тие не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој, како што велат, отвора врата за изборен грабеж. - Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот? СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората. – велат од СДСМ. Истото барање за подзаконските акти во ДИК да се носат со консензус, наместо со мнозинство гласови, го имаат и од ДУИ од каде денеска оценија дека пропаднале меѓупартиските преговори за Изборниот законик и ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се повлекле и од првично договореното електронско гласање на дијаспората. Единствено позитивно изненадени од денешната средба беа од Левица поради, како што истакна пратеникот Крмов, прифаќањето од ВМРО-ДПМНЕ на нивното компромисно решение за гласање на дијаспората преку пошта само за претседателските избори, во замена за една изборна единица. Сепак, тој не е оптимист дека намерите на власта се искрени, како и тоа дека е можно усогласување на опозицијата. Со став за Изборниот законик се изјасни и Зијадин Села со неговата Албанска лига. Тој бара наместо една, да има 8 изборни единици и отворени листи, додека дијаспората да гласа електронски не само за претседателски, туку и за парламентарни и локални. Во спротивно, вели, ќе продолжат со блокада во комисијата. Од владејачката Вреди, пак, порачаа дека за нив е важно дијаспората да може да гласа, без разлика дали тоа ќе биде електронски или по пошта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook