Победа на македонскиот женски тим 3х3 над Литванија - Канал 5

Победа на македонскиот женски тим 3х3 над Литванија

Женскиот македонски тим 3х3 натпреварите од групата ги почна со победа од 14:11 против Литванија. Со стрплива игра и дисциплина пред се македонските девојки стигнаа до предност од 4-5 поени и до важна победа.

Победа на македонскиот женски тим 3х3 над Литванија

До крајот на вечерашната програма Македонија ќе игра против Германија, која во првото коло ја совлада Словенија. Дуелот треба да почне по полноќ.

Македонските селекции продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа.

Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија (33:20) во второто коло од групната фаза. Машкиот тим, исто така, беше поразен, од селекцијата на Шпанија со 31:26.

На кошаркарските терени, девојките загубија убедливо од Финска (76:35), додека машката селекција не успеа да се наметне против Франција. Во одбојкарските натпревари, и машката и женската репрезентација беа поразени без освоен сет, обете играа против Словенија.

Среда носи нов бран од спортски возбудувања на ЕМОФ Скопје 2025. Младите олимписки надежи ќе продолжат со настапи во 13 спортови на повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.

На арената „Тодор Проески“ ќе се одржат финалните натпревари во машка конкуренција во скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4x400 метри, како и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански“ се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и момчиња до 60 и 66 кг.

Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во двете конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во останатите спортови – квалификации во пливање, гимнастика, пинг-понг, бадминтон и стрелаштво.

Од утре започнуваат борбите во теквондо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција.

Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција, со надградени објекти дизајнирани да опслужуваат до 100.000 патници дневно во шпицот, објави денес „Еуроњуз“.

Отворањето се случува во време кога Узбекистан и Казахстан, двете најголеми економии во Централна Азија, ги зајакнуваат своите трговски и туристички врски, а Европската Унија се стреми да развие поефикасни транспортни врски со регионот.

Европската комисија го наведе развојот на Средниот коридор, кој ја поврзува Централна Азија со европските пазари преку Каспиското Море и Јужен Кавказ, како клучен приоритет, со цел тројно зголемување на трговските текови по должината на рутата и значително намалување на времето за транзит на товар до 2030 година.

Контролниот пункт Гишткуприк-Жибек Жоли, кој се наоѓа во близина на узбекистанскиот главен град Ташкент, регистрираше повеќе од 11 милиони преминувања на патници во 2024 година, или просечно околу 30.000 дневно. Иако повторно отворениот контролен пункт им служи на пешаци, патнички автомобили и автобуси, а не на камиони, се очекува неговата модернизација да биде од корист за товарниот сообраќај меѓу Узбекистан и Казахстан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон за борбата со ракот: Во болницата паѓав во несвест, па се освестував (ВИДЕО)

Кејт Мидлтон отворено зборува за својата борба со ракот, тешките времиња во болницата и емоционалното закрепнување во новиот документарец „Heal“. 

Кејт Мидлтон за борбата со ракот: Во болницата паѓав во несвест, па се освестував (ВИДЕО)

Принцезата од Велс (44) откри како болеста го променила нејзиниот поглед на животот, но и колку многу ѝ значела поддршката од нејзиното семејство.

30-минутниот документарец премиерно ќе биде прикажан во недела, 29 ноември, на Би-Би-Си. Го следи планинскиот предизвик на принцезата во кој се искачила на највисоките врвови во Шкотска, Англија и Велс за помалку од 24 часа, пишува People.

Се соочила со сопствената смртност

Кејт се присети на застрашувачките моменти во болницата, кога ја губела свеста и се враќала на свеста. Во еден од најтешките моменти, почувствувала дека некој ја држи за рака. Не открила за кого станува збор, но нагласила колку многу ѝ значело самото присуство на друга личност.

Признала дека за време на болеста имала чувство дека се изгубила себеси. Иако ја завршила хемотерапијата во септември 2024 година, а во јануари 2025 година објавила дека е во ремисија, емоционалното закрепнување траело многу подолго.

Пораките од децата ја расплакаа

Еден од најемотивните моменти од документарецот се случи на врвот на англиската планина Скафел Пајк, каде што нејзиниот брат Џејмс Мидлтон ги пушти видео пораките од нејзините деца.

Луис ѝ рече дека ја сака, Џорџ откри дека го следи нејзиното патување, а Шарлот ѝ кажа колку е горда на неа. Принцезата не можеше да ги задржи солзите и истакна дека нејзините деца се нејзината мотивација за закрепнување.

Откри што не направила по третманот

Кејт, исто така, откри дека по завршувањето на третманот, не заѕвонила на болничкото ѕвонче, што пациентите со онкологија традиционално го означуваат тој момент. Таа објасни дека дури и не знаела за овој обичај во тоа време.

Нејзиниот брат предложи освојувањето на три планински врвови да биде нејзин начин да го означи крајот на нејзиното лекување.

Болеста ги промени нејзините приоритети

Принцезата призна дека по болеста, поинаку гледа на времето што го поминува со своите деца. Сфати дека не мора да го исполнува секој споделен момент со активности и дека понекогаш е доволно едноставно да биде со нив.

За време на закрепнувањето, таа, исто така, најде голема утеха во природата. Со документарецот, тој сака да ги поддржи луѓето кои минуваат низ слични искуства, а приходите од неговата дистрибуција се наменети за добротворната организација за борба против ракот „Ројал Марсден“.

Дури и во документарецот, принцезата не откри од каков вид рак боледува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 4 степени утрово ја стресе Грција, почувствуван и во Битола, Охрид и околината

Утрово во 08 часот и 47 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.

Земјотрес од 4 степени утрово ја стресе Грција, почувствуван и во Битола, Охрид и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:

https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112

Сеизмолошка опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер