СветПо земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во ТурцијаПовеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени.Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања. Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер. Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса. Најавено е дека образовните институции ќе ја прекинат работата за еден ден во областите Акхисар, Сома, Демирџи, Кирикагач и Гердес. Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, давајќи изјава во 1:30 часот утрово, објави дека се урнале три згради тешко оштетени во претходниот земјотрес, кои биле ненаселени, и една двокатна продавница во центарот на Синдирги. „Имаме 22 граѓани кои се пријавиле во нашите болници. Четворица од нив се отпуштени“, рече Устаоглу, додавајќи дека нема жртви. Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во Баликесир синоќа во 22:48 часот по локално време. Тресењето на земјата беше почувствувано и во Истанбул и околните провинции. Идентичен земјотрес, со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, се случи во истиот регион и на 10 август годинава. Меѓутоа, синоќешниот земјотрес беше поблиску до површината, што предизвика неговиот интензитет да се почувствува поинтензивно. Телото за управување со катастрофи и вонредни ситуации-АФАД објави дека земјотресот бил на длабочина од 5,9 километри. АФАД ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените згради во подрачјето погодено од земјотресот. „Избегнувајте да бидете во близина на згради со висок ризик. Одржувајте комуникација преку услуга за кратки пораки (СМС) и софтвер за интернет пораки. Следете ги предупредувањата на официјалните власти“, се наведува во предупредувањето на АФАД. Balıkesir'in Sındırgı ilçesinde olan 6,1 büyüklüğündeki deprem anında İstanbul’da bir ev:#deprem pic.twitter.com/Qjq8VA7rAo https://t.co/ghjz9QQsSB — Saat Haber (@SaatHaberX) October 27, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter