Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
БалканПо вчерашниот инцидент опозицијата во Србија со бојкот на денешната собраниска седница Се расчисти чадот во српското собрание. Денеска како ништо да не се случило, опозицијата одби да влезе во пленарната сала. Дискусиите неколку часа се одвиваа само меѓу пратениците од владејачкото мнозинство, а претседателката на Собранието Брнабиќ уште на почетокот истакна дека немала намера како што кажа, Собранието во ниту еден момент да прекине со работата. Институциите на Република Србија нема да се повлекуваат пред насилство. Пратениците од српската опозиција ден по инцидентите ја обвинија власта дека со обидот да протурка закони на седницата која требало да биде првенствено за барањата на студентите, сама го предизвикала гневот во пленарната сала. Велат дека остануваат на своите барања, а го повторија и барањето за формирање на преодна влада. Дел од нив открија и дека пиротехничиките средства биле внесени во салата неколку месеци однапред, бидејќи како што кажаа, очекувале некаков инцидент. -Самите (власта) го предизвикаа одговорот кој вчера го добија. Продолжија со нивната ужасна политика на зло, хушкање, навреди, омраза и поделби, прикажувајќи се себеси како жртва и секогаш таа позната игра дека џелатот себеси се прикажува како жртва, а одговорот на народот или опозицијата да го прикажува како некаков насилен акт,--Маринка Тепиќ – Партија на слобода и правда. -Почнуваме со колегите од опозицијата да формираме предлог за излез од кризата во форма на преодна влада. / Дел од тие (пиротехнички) средства ги внесувавме порано, пред неколку месеци во Собранието, бидејќи постоешње знаете, работиме на раб на инцидент веќе долго и тие едноставно беа тука. -Радомир Лазовиќ – Зелено – лев фронт. Во инцидентите како што соопштија српските власти, покрај трите повредени пратенички, од кои едната доживеа мозочен удар, а другата која е во осимот месец од бременоста итно беше пренесена во болница, денеска има информации за уште четири лица со полесни повреди. Дополнително, во текот на ноќта имало и лажна дојава за подмената бомба во паралментот. Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе бара кривична одговорност за инцидентите -Станува збор за силеџиско, хулиганско однесување. Јас ќе кажам само неколку зборови, не сакам да користам тешки зборови за тие што тоа го направија, не бидејќи не го заслужуваа тоа, туку затоа што барам кривично-правна одговорност. Чекаме да видиме што ќе направи обвинителството, бидејќи да беше во обратна ситуација, до сега ќе бевме обесени одамна.-Александар Вучиќ – Преетседател на Србија. Ситуацијата се следи и од ЕУ, а комесарката за проширување Марта Кос која изрази загриженост за попречување на работата на парламентот, повика на деескалација и смирување на тензиите во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ во кампања за Вучиќ со Заветница што го велича Ратко Младиќ - бараме итна смена!Иван Стоилковиќ, министер во владата на арамијата Мицкоски, повторно ја работи српско-руската агенда. Овојпат во Битола, покрај Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски - Заветница, министерка во техничката влада на Србија, поранешна радикалка на Шешељ. Таа ги нарекува НАТО-силите „НАТО империјалисти“ и вели дека сакале да ја опколат Русија, тврди дека во Киев биле поставени „марионетски власти“ и дека Русија била „принудена“ да преземе акција против неонацизмот. Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник. Тоа не е историја. Тоа е политика што ги релативизира злосторствата и ги продлабочува поделбите. Стоилковиќ не стои случајно до неа. Соработник на БИА. Министер што работи за руски и кинески интереси. Уште полошо: министер на Македонија учествува во политичка кампања за сестринска партија на ВМРО-ОКГ - СНС, партија во друга држава. Не со било кого. Со личност што велича воен злосторник и јавно ги застапува руските интереси. По директната поддршка за Вучиќ, за Кина, за Русија. По ултрадесничарските партнери. По митингот за поддршка на Вучиќ во Куманово. По средбите со Милош Вучевиќ и почесниот конзул Адамовиќ, бизнис партерот на Мицкоски. По организирање превоз за митингот во Белград. По впишување македонски државјани во избирачки список на соседна земја и делење српски пасоши за гласање. Гласачи, македонски државјани, запишани на територија на Србија, во градови и села близу македонската граница. Во Србија беше објавено дека во избирачкиот список има повеќе од 900.000 гласачи кои наводно не одговараат на реалниот број полнолетни жители. Токму поради ваквите работи, како и поради постапките на ВМРО од минатото, ни е јасно зошто ВМРО сака да го промени Изборниот законик. Тоа е практично copy-paste на моделот на Вучиќ. Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ - тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму. Македонија е членка на НАТО. Граѓаните ја избраа Европа. Владата им стави министер што шета со анти-НАТО агенда и со култ кон Хашки осуденик. СДСМ бара итна смена на Иван Стоилковиќ. Тој е министер што работи за туѓа кампања, туѓа служба и туѓа каса. Позади него е арамија што го држи. Бандата нека си го земе дома. Државата не е полигон за Вучиќ, ниту сцена за воспевање на Младиќ. Скопје, 01.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“. Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена. Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата. „Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска годинаСписоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот. Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook