Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
НБАПо уште една волшебна партија на Дончиќ, Далас на победа од големото финале во НБА Кошаркарите на Далас ноќеска ја победија Минесота со 116:107 во третиот натпревар од финалето на Западната конференција во НБА плејофот.Тандемот Лука Дончиќ, Кајра Ирвинг со заедничка реализација од 66 поени го водеше тимот на Маварикс до третиот триумф над Минесота во финалето на Западот. Дончиќ мечот го заврши со 33 поени ( 5/11), седум скока и пет асистенции, Кајри Ирвинг исто така постигна 33 поени, а одлична партија одигра и Пи Џеј Вашингтон, кој го заврши мечот со 16 поени и осум скока. Убедливо најефикасен во поразениот тим беше Ентони Едвардс со 26 поени, девет скока и девет асистенции. Солидно одиграа и Конли со 16 поени, МекДаниелс со 15, а Карл-Ентони Таунс имаше 14 поени и 11 скока. Резултатот во серијата до четири победи е 3:0 во корист на Далас. Четвртиот натпревар од конференциското финале на Западот се игра на 29 мај. Во финалето на Источната конференција, Бостон селтикс веќе има убедливо водство против Индијана од 3-0 во победи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка МихајловаИма пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство. Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија. -Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство. За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка. Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЖивотСе шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофаГринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите. Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис. Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта. На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУзбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомбаУзбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба, вработените во двете најголеми тв-куќи преместени на безбедно! Во германскиот град Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на дел од градот, вклучително и на седиштата на телевизиските станици RTL и NTV. Бомбата е пронајдена во реката Рајна, во близина на паркот „Рајнпарк“ во квартот Дојц, а експертите планираат да ја отстранат и деактивираат во текот на денот. Поради опасноста, градските власти на Келн воспоставија зона за евакуација со дијаметар од 400 метри околу местото каде што е пронајдена бомбата. Жителите, како и вработените во компаниите и институциите лоцирани во таа област, мораа привремено да ги напуштат зградите. Меѓу нив беше и големиот емитувачки центар на телевизиските компании RTL и NTV. Поради вонредната ситуација, беше изменета и програмата на RTL. Вечерната информативна емисија „RTL Aktuel“ не се емитуваше од Келн, туку од студио во Берлин. Истовремено, дневната емисија „Punkt 12“ првично продолжи да се емитува според планот и се водеше во живо сè додека тоа беше можно. Надлежните служби соопштија дека станува збор за американска авионска бомба тешка околу 250 килограми, која потекнува од периодот на Втората светска војна. Специјалистите за отстранување експлозивни направи го одредија моментот за почеток на деактивирањето во зависност од брзината на евакуација на населението и целосната евакуација на загрозеното подрачје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook